ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Панел дискусија во Карпош: Вклучувањето на младите лица со попреченост мора да се одвива секојдневно и пандемијата да не претставува пречка

March 31, 2021 15:02
in ДЕНЕС, МОЗАИК, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вклучувањето на младите лица со попреченост мора да се одвива секојдневно и пандемијата да не претставува пречка, ова е еден од заклучоците од денешната панел дискусијa, на која учествуваа повеќе дефектолози, организации, носители на одлуки, организирана од здружението „ТАКТ“ и Општина Карпош.

Од прес-службата на Општина карпош информираат дека успешната соработка меѓу ова здружение и локалната самоуправа продолжува и оваа година преку проектот „Спорт за развој, спорт за сите“. Станува збор за спортски активности, преку кои младите учат за вредности и за тоа како да станат подобри личности. Оваа година, преку оваа соработка ќе се опремат и нови две сензорни соби во основните училишта на Карпош.

Градоначалникот Стефан Богоев зборуваше за политиките и активностите кои општината ги презема за заштита на лицата со попреченост. Се одвојуваат средства за личните и образовни асистенти во висина од 1.080.000 денари, а во меѓувреме се работи и на поставување на нов лифт во ООУ „Владо Тасевски“, како и на отворање на дневен центар за лица со атипичен развој во ООУ „Вера Циривири – Трена“.

– Среќен сум што бевме меѓу првите општини со инклузивни игралишта. Детските игралишта во Влае 2 и Карпош 2 се пример како треба да изгледа детската игра, но ова се и места каде што се уште се забележуваат девијантни појави. За жал, свесно се уништуваат реквизитите, се крши урбаната опрема. Залудно е ако на училиште детето учи како треба да се однесува, но дома добива или воопшто не добива совети. Одговорноста е кај сите нас, рече Богоев.

Во дискусијата учествуваше и поранешната ракометарка, а денеска спортски работник Андријана Будимир. Таа има дете со попреченост, но сподели успешни приказни за тоа како истото било прифатено од своите другари и наставен кадар. Исто така, Будимир предложи дека во сите училишта треба да има посебни наставници по физичко образование за учениците со попреченост, со цел полесно да се одвива образовниот процес.

Деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. д – р Ленче Алексовска – Величковска напомена дека преку спортот се овозможува поголема социјализација на младите со попреченост, но и промена на начинот на живот.

-Примарно е важно да градиме личности од младите луѓе, да прифаќаат различности и да акумулираат, стекнуваат вредности. А, потоа од нив да градиме личност – врвен спортист, личност – пофесор по матетика, личност – доктор, истакна Величковска.

На оваа интерактивна дискусија се обрати и дефектологот Вања Врдинова, која работи во ООУ „Петар Поп Арсов“, која ја акцентираше потребата од зголемена едукација на наставниците за работа со децата со попреченост, но и повисока јавната свест кај целата заедница. Таа рече дека поттикнувањето на развојот на децата, младите со попреченост значи развој на целата средина.

Претседателката на „ТАКТ“, Магдалена Спасовска го поздрави проактивниот пристап на сите учесници и истакна дека оваа организација продолжува со практични активности за поголема вклученост на лицата со попреченост на локално ниво.

извор: МИА

Next Post

Џафери: Не можам да кажам кога ќе бидат донесени измените на Законот за попис, има процедури што треба да се испочитуваат

EVN

НАЈНОВО

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

January 13, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ: Алта банка случајно ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одлука на Владата

January 13, 2026

Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

January 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Инстаграм

    Бруклин Бекам ја прекинал директната комуникација со родителите за да го заштити менталното здравје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Џорџ Клуни со „скриена прозивка“ кон Трам на доделувањето на Златни глобуси 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk