Пристигнаа 20.000 вакцини Спутник V втора донација од Србија. Според најавите, до крајот на април треба да пристигнат уште 76.000 вакцини од „АстраЗенека“. Ќе се набават и дополнителни 500 илјади од втората кинеска вакцина „Синовак“, со што ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини, за 1,3 милиони граѓани, изјави премиерот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ не била недомаќинска само кон државата, туку и кон самата себе, ова е според извештајот од Државниот завод за ревизија (ДЗР). Освен што ѝ е блокиран дел од недвижниот имот поради судски спор ВМРО-ДПМНЕ, според ДЗР, има и долгови во висина од 328.301.000 денари (над 5.300.000 евра), а поради еден од нив ѝ била блокирана банкарската сметка во периодот од септември до декември 2020 година.
За околу две недели ќе стигне терапија, специфично антитело наменето за лекување на Ковид-19, најави министерот Венко Филипче.
Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство кој е здравствен работник, нема примено вакцина. Сите сме пријавени на апликацијата за вакцина и го чекаме нашиот ред, согласно планот за масовна вакцинација на населението, изјави премиерот Зоран Заев.
Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари. Само пред три години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, а 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.194 денари и тоа покажува дали имаме политичка волја да ја зголемиме или не, вели Битиќи.
Стејт Департментот, Каракачанов прво ги нарече „никаквеци“, а денес повторно во телевизиско гостување излезе со своите тези на негација на постоењето на македонска нација. Луѓето што го пишувале извештајот во делот за македонското малцинство или не си ја научиле лекцијата по историја или не ги читале извештаите на нивните претходници, вели тој.
Судствтото и обвинителството се на тест секој ден, како што е и Владата како што е и Собранието..од нив зависи каков ќе биде нивниот имиџ дали ќе им биде дека функционираат и испорачуваат правда или имиџот ќе им биде дека одлагаат, застаруваат и не испорачуваат правда, вели министерот за правда Маричиќ.
На сопственикот на националната телевизија Алфа, фирмата „АЛФА СКОП ДОО“, ќе ѝ се суди за даночно затајување. Скопски обвинител ја обвини фирмата дека го оштетила државниот буџет за приближно 100 илјади евра поради неплатен данок на добивка.
М. Миткоска