ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Мајката на Груевски леташе на државна сметка, хеликоптерите се користеа за медиумска пропаганда

April 3, 2021 12:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев во објаснувањето зошто службено отпатувал со министерот за здравство со хеликоптер до Прилеп посочи дека Никола Груевски и функционерите на ВМРО ДПМНЕ кога биле на власт ги користеле хеликоптерите за приватни патувања, но тогаш никој не смеел да зборува за тоа, уште помалку да критикува.

Вистината е таа, хеликоптерите на МВР биле во постојана употреба, лично од страна на челниците на ВМРО ДПМНЕ, но и за промоција на нивната пропаганда. Јавноста памети дека во акцијата “Засади ја својата иднина“ кога ВМРО ДПМНЕ организираше садење дрвја низ државата, хеликоптерите летаа со новинарите на власта за да направат снимки од високо. Постојат видео материјали кои докажуваат дека новинарите – пропагандисти на ВМРО ДПМНЕ летале со хелокоптерите за позитивно да известуваат од еко- акцијата.

Тогаш задачата на партиските новинари беше позитивно да известуваат од акцијата со садење дрвја, иако новинарите истражувачи известуваа за криминал со садниците и пласираа податоци според кои акцијата се спроведувала многу повеќе за некој финансиски да профитира, отколку дека бил загрижен за животната средина. И не само за пропагандата, ВМРО ДПМНЕ ги користеше службените хеликоптери за личните потреби на функционерите, пред се на Груевски и Мијалков.

Иако помина подолго време, не може да се заборави дека во 2013 година година кога Груевски се соочи со незадоволство на граѓаните во Кичево пред партискиот штаб, и кога за малку беше избегнат поголем инцидент, тогашниот премиер го напушти градот со хеликоптер за што полесно да го избегне соочувањето со незадоволните граѓани.

Сашо Мијалков пак, дали со авион дали со хеликоптер патуваше до Прага и тоа многу често. И тоа приватно, ама на државна сметка. Во 2011 година СДСМ како опозицијата во јавноста објави 16 фактури испратени од скопскиот аеродром до МВР за да се плати користењето на ВИП салонот на аеродромот. На сите фактури стоеше името на Мијалков и беше утврдено дека во период од две години тој патувал дури 16 пати до Прага, но ниту еднаш службено.

На тие летови до Прага го придружувале различни лица од неговото опкружување, па некогаш патувала мајката на Груевски, Надежда Груевска, понекогаш Љупчо Тодоровски Радникот, телохранителот Ален Зекиров и други. Зошто овие лица го користеле ВИП салонот и го плаќале со државни пари? Зошто никогаш ниту една истражна институција не отворила случај и не проверила колку пари од народот се потрошени за летањето на Мијалков, Груевски и неговата мајка, како и на нивните соработници и како тоа плаќале летови и салони со пари на граѓаните, а остварувале лични потреби.

Е сега, во десетте години владеење на ВМРО ДПМНЕ, функционерите на партијата во безброј случаи летаа со хеликоптерите на МВР, ама тогаш немаше критичка јавност и медиуми кои ќе застанеа против таквото самоволие и неразумното трошење народни пари. Денес, кога медиумите стануваат слободни и независни, кога владата транспарентно објавува како се троши секој денар на граѓаните, кога секој медиум може слободно да постави прашање, премиерот беше под критика зошто го искористил хеликоптерот на МВР. И тоа така треба да биде, но аргументирано и исто како што им се даде медиумски простор на критиките, истиот простор мора да мус е дозволи и на Заев за да објасни зошто летал за Прилеп. А тој, објасни дека и хеликоптерот и пилотот мора во текот на годината да остварат часови со летање, што е нормално и логично, па еден од тие часови за пракса на пилотот и тековно одржување на леталото било дента кога премиерот и министерот отпатувале до Прилеп. На тој начин владата не потрошила ниту денар за патувањето, оти трошокот со хеликоптерот и онака би се направил ако пилотот летал и вежбал со празно летало.

Дополнително, функционерите заштедиле на време и можеле дента да реализираат погоем број обврски., Но, редовните критичари не гледаат вака на фактите, ним во агендата им е само да критикуваат, многу често неаргументирано. И секако, секогаш забораваат да направат споредба како беше некогаш како е сега. А разликата е голема и се гледа од хеликоптер.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се чека официјална одлука од Грција за отворање на границата

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk