ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Јадат државен леб, а шират црна пропаганда, лажат и клеветат

April 5, 2021 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Јавно повикува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Јавно ги повикувам истражните органи, МВР, ОЈО и други релевантни институции, државните комисии за заштита од дискриминацијата и за спречување на корупцијата, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, како и раководствата и соодветните дисциплински комисии во институциите, јавните претпријатија и установи (кој колку е надлежен), да преземат решителни чекори за санкционирање на сите поединци кои своето работно место во јавната администрација го злоупотребуваат на различни начини, за да креираат и дистрибуираат лажни вести, дезинформации и говор на омразата. 

За почеток, ги повикувам да преземат итни чекори за почитување на етичкиот кодекс кој го донесе Владата и кој сите вработени во јавниот сектор се обврзани да го почитуваат – од премиерот и министрите, до последниот вработен во администрацијата. Воедно, да се повикаат и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и да го применат. Барем тоа не е тешко, лесни четива се, а последиците од мерките предвидени со овие правни документи се благи, неспоредливи со последиците од дејствувањето на оние за кои зборувам овде. 

Не е потребен голем труд да се откријат поединци и групи кои, скриени зад своите работни места во администрацијата (дел од нив и на високи и одговорни позиции), спротивно на законите, професионалните стандарди и етиката, секојдневно се занимаваат со ширење навреди, клевети, лажни вести и говор на омразата. Лесно може да се утврди дали тоа го прават во работно време, користејќи службени ресурси за своите активности. Исто така, лесно може да се утврди дали и колку ги злоупотребуваат личните податоци на луѓето кои ги напаѓаат во своите смислени операции за дискредитација и жестоки навреди и клевети на социјалните мрежи и во медиумите. 

Само еден од многуте примери: Агенцијата за заштита на личните податоци своевремено (одвај) донесе едно решение за заштита на личните податоци од мојата лична карта која беше објавена во одредени медиуми и социјални профили, со пораки полни со омраза и повици за егзекуција. Решението не беше спроведено и никому ништо. Наместо тоа, административци (па и полицајци) продолжуваат со анонимна кампања против новинари, уредници, медиуми и организации на граѓанското општество. Ова е само мал пример, навистина. Го употребувам за да дадам лесна и очигледна илустрација, поткрепена со официјален документ кој е достапен во архивата на споменатата агенција. 

Овој повик секако може да се прошири и на лица кои се на високи раководни позиции во администрацијата или се под униформа на Армијата, кои отворено и јавно дејствуваат против институции или поединци. Имам и лични примери за ова, може лесно да се провери со прелистување на мои претходни написи. Еве, да не се почувствува заборавен, меѓу нив е и еден претседател на Кривичен суд. Но денеска ќе се задржам „само“ на оние што дејствуваат анонимно, скриени зад своите бироа или униформи, дадени од државата, платени од граѓан(к)ите.

Одамна не е тајна дека лица кои работат во македонската полиција паралелно се занимаваат со црна пропаганда и со уривање на угледот и достоинството на институциите каде што работат, но и со клевети, навреди и говор на омразата упатен против активисти за човекови права, новинари и интелектуалци. Зарем е тешко, на пример, Внатрешната контрола при МВР да открие такви лица во сопствените редови? Познати се, дури и со име и презиме, лица кои администрираат Фејсбук профили, па и веб страници или се дел од „креативните“ тимови на тие гнезда на лагите и омразата. Се разбира, во таа „креатива“ учествуваат и пратеници, партиски функционери, нивни пријатели и членови на блиското семејство.  

Освен во МВР, вакви поединци и организирани групи може да се најдат и меѓу вработените во одбраната, образовниот систем, здравството, јавните претпријатија и установи, јавниот медиумски сервис, државните агенции, регулаторните тела и во други делови на администрацијата на локално и национално ниво. 

Вработените во буџетските институции и установи имаат обврска да се грижат за безбедноста и добробитта на граѓанките и граѓаните, а не да ги злоупотребуваат своите работни места за валкана политичка пресметка со неистомислениците на центрите на моќта на кои им слугуваат од добро познати причини и мотиви. 

Затоа, ги повикувам релевантните институции да не направат ништо друго освен да ја исполнат својата законска обврска, да му стават крај на ова крајно неодговорно однесување на тие што шират црна пропаганда, лажат и клеветат, а истовремено живеат врз грбот на граѓанките и граѓаните. Чесно би било барем да си дадат или да добијат отказ. 

Мене ми е јасно дека овој мој повик сега ќе биде предмет на контранапад со уште повеќе говор на омраза, навреди и клевети, во спрега со „Оливери“ медиумите, но искрено се надевам дека институциите конечно ќе започнат со својата работа. Не поради мене, туку поради јавниот интерес за кој се обврзани да работат. 

Игранката е многу поголема, добро е организирана и има висок буџет. И не се во прашање само лажните вести и говорот на омразата, туку и безбедноста. Ако тоа го знае чаршијата, институциите мора уште подобро да го знаат тоа. 

3,2,1… 

Земете длабок здив и почнете со работа. Додека не стане доцна. 

 


Creative Commons 4.0

НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk