ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во целата држава во болница се лекуваат 1739 ковид пациенти, има места во болниците, но се преоптоварени, вели Филипче

April 5, 2021 08:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со порастот на нови позитивни на коронавирусот во изминатите денови, се зголемува и бројот на хоспитализирани луѓе кои имаат потешки симптоми, а многумина се зависни од постојана кислородна поддршка.

Во статистиката за вчера беше наведено дека во целата држава во болница се лекуваат 1739 позитивни и сомнителни на КОВИД-19, но обезбедени се слободни места за нови приеми и има околу 220 кревети.

Од вкупниот број пациенти, 703 се лекуваат во Скопје, а 1036 на инфективните одделенија и КОВИД-центрите во други градови во државата. Во главниот град во претходното деноноќие биле примени 65 нови пациенти и до вчера утрото имало 60 празни легла.

На Инфективната клиника се лекуваат 154, во ГОБ „8 Септември“- 139, 313 се хоспитализирани на интерните и на хируршките клиники, во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 39 пациенти и 35 на Институтот за физикална медицина и рехабилитација. Осум деца со коронавирус лежат на Клиниката за детски болести, како и девет пациентки на Гинекологија.

-Оваа здравствена криза погодена од третиот и можеби најсилен бран досега, е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела Европа. И покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои сè побрзо се исполнуваат со КОВИД-пациенти, обезбедени се слободни места на повеќе клиники. Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветен третман во болниците, соопшти вчера Министерството за здравство.

И министерот Венко Филипче викендов изјави дека има места и кадар во болниците иако притисокот врз нив е најголем од почетокот на епидемијата.

-Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме сè што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети,  дури и сега, изјави Филипче во саботата при посетата на салата „Борис Трајковски“ каде што денеска ќе почне масовно вакцинирање.

Министерството за здравство апелираше да не се создава непотребна паника – возрасни КОВИД-пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести  и дека единствени возрасни таму се мајките на деца со ковид, кои исто така се позитивни.

МЗ ги повика и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и со тоа секој индивидуално да придонесе во борбата со коронавирусот и да им помогне на здравствените работници.

Битката со КОВИД-19 ја загубија уште 35 пацинети, на возраст од 28 до 88 години, и со нив  бројот на починати достигна 3940 од почетокот на епидемијата. Со вчерашната статистика за нови 734 случаи, вкупниот број потврдени заразени е 134 867 од 641 573 направени тестирања, а оздравени се 109 297.

Активни случаи во земјава има 21 630, од кои речиси половина (10 584) се во Скопје. Три града имаат четирицифрени бројки: Прилеп  – 1166, Куманово – 1078 и Битола 1032, а висок е бројот и во Охрид – 896, Велес – 814, Кавадарци – 728, Тетово – 666.

извор: МИА

Next Post

Стартува масовната вакцинација, за денеска закажани термини за 3000 граѓани

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk