Од Центарот за јавно здравје во Прилеп, информираат дека изминатата седмица, во периодот од 29 март до 4 април 2021 година, во општина Прилеп имало 372 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 18 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 1.099, од кои 141 лице се наоѓа на болничко лекување.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.304.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус во Прилеп починалe 345 лицa.