ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Инфраструктурни проекти во североисточниот регион во вредност од околу 700 милиони евра

April 9, 2021 22:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во инфраструктурните проекти на североисточниот регион, се вбројуваат проекти во вредност од околу 700 милиони евра, кои ги опфаќаат изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, проширување на патот од Крива Паланка – Деве Баир, рехабилитацијата на патот од Куманово – Страцин, изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија.“, информираат од Владата на Северна Македонија.

„Во тек е изградба на автопатската делница Кичево – Охрид, во вредност од речиси 600 милиони евра.

Во план е изградба на целосно автопатско решение Ќафасан – Струга и Кичево – Гостивар – Тетово.

Железничкиот Коридор 8 во западниот дел од земјата со нова делница од Кичево до Лин, со проекција од околу 500 милиони евра.“, се наведува во објавата од Владата.

Од Владата истакнуваат дека сите овие проекти на Коридорот 8, кои се во вредност од околу 2,5 милијарди евра, се јасен сигнал и кон нашите граѓани, соседите во регионот, но и кон Европа, дека инвестираме во иднината.

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска извршија увид во градежните активности кои се одвиваат на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој се гради во две фази, со вкупна вредност од 58,5 милиони евра.

„Денеска вршиме увид на изградбата на експресната делница Ранковце-Крива Паланка, еден од повеќето проекти со кои сакаме значително да ги подобриме транспортните услови на Коридорот 8. Само во северно-источниот дел на нашата земја во инфраструктурни проекти, ако се земат предвид патната и железничката инфраструктура, имаме проекти кои се во вредност од околу 700 милиони евра, а кои ги опфаќаат изградбата на овој експресен пат, проширувањето на патот од Крива Паланка до Деве Баир, потоа рехабилитацијата на патот од Куманово до Страцин, но и изградбата на пругата од Куманово до границата со Бугарија. Би сакал да потенцирам дека активно работиме и на западниот дел од Коридорот 8, каде веќе е во изградба автопатската делница Кичево-Охрид, во вредност од речиси 600 милиони евра, а во план е изградба и на целосно автопатско решение Ќафасан-Струга и Кичево-Гостивар-Тетово. И железничкиот Коридор 8 во западниот дел од земјата е во план да се гради, со нова делница од Кичево до Лин, за кој имаме готов проект, со проекција од околу 500 милиони евра и за кои веќе започнавме да комуницираме со меѓународните финансиски институции за обезбедување на средства. Сите овие проекти, на Коридорот 8, кои се во вредност од околу 2,5 милијарди евра, се јасен сигнал и кон нашите сограѓани, соседите во регионот но и Европа, дека инвестираме во иднината“, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Next Post

Арсовски за „360 степени“: Од понеделник ќе бидат достапни списоците за хонорарците ангажирани од Владата

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk