ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Од понеделник вакцинација на обвинителство, судство, инспектори и новинари, нов ковид кластер од верските празници здравството нема да издржи, Прилеп лидер во селекција на отпад

April 10, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Следната недела ќе бидат вакцинирани вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, најави вчера министерот Венко Филипче, соопштувајќи дека досега се вакцинирани 18.261 граѓанин.

Мерките што Владата ги најави за затворените угостителски објекти, теретаните и спортските центри, следната недела, а многу бргу и оние од петтиот пакет, вели Бесими.

Доколку се случи нов кластер во верските објекти, притисокот врз здравствените установи ќе биде толку голем што ќе се доведе во прашање неговото менаџирање. Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме, вели Филипче.

Присуство на антитела во организмот значи заштита од Ковид-19 и не е важна колкава е бројката на антитела, бидејќи заштитата не е само од нив, туку е важен и клеточниот имунитет којшто останува како меморија, вели доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија.

Имињата на 58 хонорарци кои дополнително биле ангажирани од Владата во декември и на кои им се исплатени хонорари од околу 37 илјади евра за еден месец, ќе бидат достапни за јавноста од понеделник, вели портпаролот на Владата, Душко Арсовски..

Општина Прилеп селектира отпад на годишно ниво колку сите други градови заедно, вклучувајќи го и Градот Скопје. Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај од ревизијата на успешност „Ефикасно третирање и справување со пластичниот отпад“, има упатено пофалба до Општина Прилеп за бројот на поставени садови за селекција на отпад.

Наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) ќе бидат доделени во Лондон в недела навечер, на церемонија без публика, поради епидемијата на коронавирусот. Фаворити за оваа година се филмовите „Normanland“ и „Rocks“, кои освоија најмногу номинации, по седум.

Политичари и провладини медиуми водат интензивна кампања за оцрнување и клеветење на водечките граѓански организации и независни медиуми во Србија.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар во Ла Лига со Реал Мадрид.  Потребен ни е најдобриот Меси и најдобрата Барса. Сè мора да се направи совршено, рече холандскиот фудбалски стручњак.

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да се пресели во ПСЖ во замена за Мауро Икард. Претставници на италијанскиот клуб веќе контактирале со парискиот клуб за да разговараат за деталите за можната зделка. Јувентус планира да се сретне со сопругата и агентот на аргентинскиот фудбалер, Ванда Нара, пишува „Фудбал Италија“.

Next Post
Вело е кога има се - кампања на Град Скопје

Вело е кога има се - Градот Скопје со кампања за промовирање велосипедизам

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk