Досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со Ковид-19, вели доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија во интервју за МИА.
Според неа, во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од Ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.
– Се надеваме дека ќе нема потреба од повторни ревакцини, меѓутоа не можеме со сигурност точно да го кажеме тоа само ради моментот со она што го гледаме се мутациите кај вирусот и не знаеме во која насока ќе се движат во наредниот период и дали вакцините ќе бидат доволно ефикасни. Меѓутоа, тоа времето ќе покаже дали ќе има навистина потреба од тоа или не, потенцира д-р Киријас.
Таа нагласува дека присуство на антитела во организмот значи заштита од Ковид-19 и не е важна колкава е бројката на антитела, бидејќи заштитата не е само од нив, туку е важен и клеточниот имунитет којшто останува како меморија.
– Присуство на антитела значи заштита, не е важна колкава е таа бројка од моменталните информации коишто ги имаме. Тоа значи лицето кое што прележало Ковид има заштита и заштитата не е само со антителата. Тоа е нешто што ни е померливо и затоа сега се зборува толку, меѓутоа тука е и клеточниот имунитет којшто секако останува како меморија, како памтење кај индивидуите. Така што лицата ќе имаат и антитела и клеточен имунитет. Колку долго ќе трае, ќе видиме. Засега немаме податоци, меѓутоа секако се очекува дека тој имунитет ќе трае една година, додава д-р Киријас.
Во врска со досега познатите нус појави по вакцинацијата, освен ретката појава на поврзаноста на појавите на згрутчување на крвта и вакцината на „Астра Зенека“ што ја потврди и Европската агенција за лекови (ЕМА), Киријас вели дека во САД по примањето на вакцината на „Фајзер“ се регистирани и појави на минлив фацијалис, а имало и случаи со тромбози, меѓутоа не е потврдено дали тие се причинско-последично поврзани или не.
– Претпоставувам дека и за другите, зависно колку внимателно се следат ќе дознаваме нови и нови информации ако навистина има такви или ќе останеме само на оние очекувани несакани реакции – ден до два после апликација на вакцините, додава Киријас.
Таа нагласува дека официјалните препораки се дека вакцинацијата и ревакцинацијата треба да бидат со истиот тип вакцина, бидејќи сè уште не се знае колкава би била ефикасноста и што би можело да се очекува доколку првата и втората доза да бидат од различни производители,
– Претпоставувам дека во наредниот период кога ќе имаме информации, препораките ќе се менуваат. Меѓутоа, во моментов препораката стои дека и втората доза (на вакцината) треба да биде од истиот производител, потенцира Киријас.
Ги објаснува разликите помеѓу вакцините – „Фајзер“ и „Модерна“ кои се т.н. мРНА-вакцини, „Астра Зенека“ и „Спутник“ се аденовирусни, додека „Синофарм“ е покласичен тип на вакцина, базирана на деактивиран вирус.
– „Фајзер“ и „Модерна“ тие мРНА или вакцини базирани на информационата или месинџер РНК, тоа е всушност носачот во којшто е вметната секвенцата за синтеза на С протеинот, тоа е оној спајк протеин на површината на коронавирусот којшто е одговорен или главен што се спојува со рецепторите на површината на хуманите клетки, на тој начин ги инфицира. И тоа е оној протеин или дел од вирусот према којшто нашите антитела се насочени и со коишто всушност го неутрализираат или блокираат. Токму поради тоа беше одбран тој дел од вирусот како мета или цел во вакцините. И всушност оваа месинџер РНК се обвиткува во една липидна партикла и така се внесува интрамускулно во организмот.
Тука целта е да биде преземена од мускулните клетки, дел од дедритичните клетки да биде обработена односно ќе биде прикажан тој протеин и како таков на имуниот систем само му се кажува ова вака изгледа спајк протеинот, па тогаш нашите имуни клетки почнуваат да создаваат антитела и почнуваат да создаваат, нели, пантички клетки насочени точно према тој спајк протеин. МРНК е многу нестабилна молекула. Кога ќе ја заврши својата функција, односно ќе го создаде тој спајк протеин којшто ќе биде прикажан таа се распаѓа.
Кај аденовирусните вакцини тука носачот е аденовирус, значи друг е носачот, а иста е информацијата за спајк протеинот ставена во геномот на аденовирусот, само што ова се нереплицирачки аденовируси. Значи, генот што е одговорен за размножување на вирусот е изваден. Со тоа кога ќе биде аплицирана вакцината всушност само тој вектор помага да влезе внатре во клетката и да се пренесе информацијата, односно повторно да се синтетизира тој спајк протенин. Бидејќи е нереплицирачки вирус тој изумира, го нема само во тие клетки, а понатаму имуниот систем повторно се активира со цел да се создадат антитела, клетки према тој спајк протеин.
А во однос на инактивираниот вирус тука го имаме вирусот на корона којшто е инактивиран и како таков тој веќе нема можност да зарази некого, меѓутоа му се задржани имунолошките карактеристики, тоа го викаме имуногеноста. Значи, нашиот организам кога ќе биде тој внесен ќе го препознае како туѓ и ќе почне да се активира со создавање на антитела, меѓутоа не е доволно моќен, односно е инактивиран, не може да направи инфекција.
Значи, во првите два случаи не е можна инфекција затоа што ние не внесуваме цел вирус, односно само секвенца за тој еден протени, а во последниот случај со инактивираниот вирус не може да дојде до инфекција затоа што тој е уништен, односно инактивиран, а може само да биде препознаен од имуните клетки како туѓ.
Претпоставувам дека и за другите, зависно колку внимателно се следат ќе дознаваме нови и нови информации ако навистина има такви или ќе останеме само на оние очекувани несакани реакции – ден до два после апликација на вакцините.
Во однос на забелешките на антиваксерите е дека мРНК-вакцините, во кои спаѓаат оние на „Фајзер“ и „Модерна“ можат да ќе предизвикаат промена на ДНК-та на примателот, д-р Киријас нагласува дека ваквите тврдења немаат логика и тоа биолошки не е можно.
– Таа мРНК влегува во цитоплазмата на клетката и тука останува. Тука од таа мРНК се создава протеин, а ДНК се наоѓа во јадрото на клетката. Јадрото, како што знаеме сите, е обиколено со мембрана, значи не може ни да навлезе таму оваа мРНК, ниту некако да се врзе. Таа останува во цитоплазмата, се создава протеинот и таа се распаѓа. Таа е нестабилна молекула. Значи, не може никако да дојде ниту до ДНК, ниту да се вгради во неа, тоа се тотално неосновани тврдења, нагласува доц. д-р Мери Киријас во интервјуто за МИА.