Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Маркоска, на вчерашната собраниска седница, од координаторот на пратениучката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски, беше оневозможена да го оствари правото на збор. Претседателот на Собранието Талат Џафери, неколку пати ја повика пратеничката да земе збор, дури и даде и микрофон во рака за да го избегни блокирањето од страна на Мицевски, но Мицевски не ѝ дозволуваше на Маркоска да зборува.
„Народе наш, жени и мажи. Не, пратениците не се бркаа за микрофонот. Не!
Јас бев нападната физички и вербално со цел да ми се одземе правото на збор и со цел ВМРО-ДПМНЕ да спречи граѓаните да ја добијат економската помош од државата!
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски дејствуваше агресивно за граѓаните да не добијат економски мерки и за да ми го одземе правото на збор. Притоа Мицевски ме вознемири!
Ова е класично вонземирување од позиција на лажна опозициска моќ. Но во ова нивно однесување се крие нивната НЕМОЌ!
Агресивноста на ДПМНЕ повторно ќе биде казнета од народот!“, објави на Фејсбук, пратеничката Даниела Маркоска.
Ј. Ѓ.