ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Претпладнево приведен Драги Рашковски, поради ВМРО-ДПМНЕ не е донесен петтиот сет економски мерки, пратеничка од СДСМ нападната од страна на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

April 16, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

Приведен е Драги Рашковски. Полицијата го спровела, по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Со Рашковски е приведено уште едно лице. Рашковски е обвинет за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Обвинителството ја почнало истрагата вчера и побарало притвор за нив, а за останатите двајца вклучени во истрагата е побаран куќен притвор и одземање на пасош и лична карта.

Костадин Костадинов од СДСМ, преку објава на Фејсбук, со извинување до граѓаните за вчерашните ситуации во Парламентот, како што вели, за срамот кој сакал или несакал го споделува заради пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, вели дека ВМРО-ДПМНЕ направиле сè за да не се донесе петтиот сет економски мерки, помош за граѓаните и коимпаниите.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Маркоска, на вчерашната собраниска седница, од координаторот на пратениучката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски, беше оневозможена да го оствари правото на збор. Јас бев нападната физички и вербално со цел да ми се одземе правото на збор и со цел ВМРО-ДПМНЕ да спречи граѓаните да ја добијат економската помош од државата, вели таа.

Поранешниот премиер Никола Груевски ќе си носи одговорност за сè што и има направено на оваа држава, изјави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И бегството и азилот и сè што започнало има крај и тој ќе излезе пред лицето на правдата, нагласи Спасовски.

Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Од Министерството за здравство реагираат за најавениот протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Грижата кон граѓаните погодени од ковид кризата, опозициската ВМРО ДПМНЕ, ја покажа и докажа синоќа во Собранието. ВМРО ДПМНЕ одбира да биде на страната на манипулациите, лагата, смислени сценарија за наводни криминали провизии, велат од МЗ.

М. Миткоска

 

Next Post

Книга за македонското малцинство во Албанија од проф. д-р Марија Дојче од Универзитет во Корча

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk