ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Фирмите аплицираат за поддршка за плати, помина и Законот за финансиска подршка чие носење го чекаа 24.000 граѓани

April 22, 2021 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот е ликвиден и сите обврски во државата како и кон надворешните кредитори се исплаќаат навремено. Пензиите за месецов со одлука на Влада ќе се исплаќаат од 26 април, исплатата по однос на мерките се одвива навремено, капиталните расходи се реализираат согласно предвидената динамика, приходите во Буџетот се подобри од минатата година, а невработеноста се намалува. Мерката за кредитна линија од ЕИБ е во финална постапка, со чија реализација процентот на имплементација на мерките ќе се зголеми на 92 отсто, вели заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски.

Во гостувањето на емисијата „Што мисли народот“, на штипската телевизија ТВ Стар, Ковачевски потсеи дека фирмите од вчера, 21 април, аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март, а на Собрание поминаа и измените на Законот со кој се овозможува исплатата на ранливите категории граѓани кои беа опфатени со мерката за финансиска поддршка, а не можеа да ја искористат поради неажурирани податоци во банката.

Според заменик министерот, во Штип е најпогодена текстилната индустрија, а мерките во петтиот пакет се таргетирани кон најпогодените индустрии. Со нивната реализација ќе се  овозможи ревитализација на економијата.

Тој потенцира дека во истиот ден кога се донесени законите за петиот пакет мерки од страна на Собранието, е донесен и шестиот пакет-мерки во Владата таргетиран во најголем дел за помош на угостителството, што покажува дека од страна на носечките институции и од страна на Владата се реагира брзо и навремено и оти клучно е нивно брзо носење и од страна на Собранието за да може помошта да стигне до оние на коишто им е неопходна.

Ковачевски истакна дека економските политики и мерките коишто се реализирани го дале очекуваниот резултат за што говорат и макроекономските податоци.

Во првите два месеци, извозот на стоки регистрираше номинален раст од 9,8 отсто на годишна основа, со што со засилена динамика продолжија позитивните движења во овој сегмент. Увозот на стоки регистрираше номинален раст од 4,4 проценти, што придонесе трговскиот дефицит да се намали за 11 отсто. Искористеноста на производствениот капацитет исто така расте, со 71 отсто искористеност во февруари, што е на ниво од преткризниот период. Податоците за внатрешна трговија за првите два месеци, како што информира тој, покажуваат номинален раст на прометот од 0,5%, што следи по период на намалување во целата 2020 година. Просечната нето плата продолжува да расте и од почетокот на годинава со раст од 2,7 отсто во февруари.

Последните податоците од Агенцијата за вработување исто говорат за позитивен тренд во поглед на вработеноста.  Во февруари годинава се евидентирани 159.608 невработени лица, додека во март годинава се евидентирани 145.327 невработени лица.

Во однос на реализацијата на Буџетот од почетокот на годината, заклучно 15 април, приходите се повисоки во однос на лани за 7,8 проценти.

– Имајќи ја предвид споредбената основа лани, која најголем дел не беше опфатена од ковид-кризата, ова е навистина позитивен резултат. Наплатата на даноците и придонесите е повисока за 8,7 отсто во овој период, при што кај даноците се забележува висок раст од 11,6 отсто, додека кај придонесите раст од 4,7 отсто. Растот на наплатата на даноците најмногу се должи на растот на ДДВ-то за 17,7 отсо, раст на данокот на добивка од 10,2 процента и на увозните давачки од 17,1 отсто. Расходите се сервисираат редовно и навремено, додека буџетскиот дефицит е согласно планот, изјави Ковачевски.

извор: МИА

Next Post
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Заев: Треба да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид -19

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk