ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Заев и претседателот на Европската одбојкарска конфедерација Боричиќ: Поддршката на спортот е вложување во иднината и здравјето на младите за најдобра промоција на државата

April 23, 2021 13:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски, денеска го прими претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) Александар Боричиќ, придружуван од  Озкан Мутлугил, претседател на работната група за развој во ЦЕВ.

На средбата на која присуствуваа и членови на раководството на македонската одбојкарска федерација (ОФМ), претседателот Петар Јовановски, потпретседателот Столе Иванов и генералниот секретар Зоран Карановиќ, беше поздравена поддршката од Владата преку АМС и остварените позитивни резултати во одбојката во нашата земја, имајќи го предвид пласманот на одбојкарската репрезентација на Северна Македонија  на последното Европско првенство во 2019 година и успехот и пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи оваа година наесен.

Претставниците на Европската одбојкарска конфедерација упатија честитки кон Владата на Република Северна Македонија за поддршката која ја дава за организацијата според највисоките стандарди на повеќе европски настани.

Истовремено, искажаа доверба кон раководството на Одбојкарската федерација на Северна Македонија за обезбедување и организирање на Европското првенство, сениори 1 група, кое во 2023 година ќе се одржи во нашата држава и во Италија, Бугарија и Украина.

Беше речено дека активната соработка со Европската одбојкарска конфедерација е одличен предуслов за обезбедување високи перформанси на спортистите, кои на најдобар начин ја претставуваат и афирмираат сопствената држава.

На средбата беше констатирано дека исклучителниот резултат во овој спорт, одбојката, го покажува континуитетот, напорите и исклучителното вложување на спортистите, како и постојаната поддршка која Владата ја дава преку Агенцијата за млади и спорт преку програмите 20 и 40 и ваучерскиот систем.

Од особено значење, беше нагласено во разговорите, е поттикнувањето на младинската и женската одбојка како колективен спорт кој е особено популарен кај младите и обезбедува правилен телесен и психофизички развој на младата популација, која е иднината на секоја држава.

Северна Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2022 година за одбојкарки до 19 години и младите спортистки веќе имаат подготвителни тренинзи.

Next Post

МЖСПП: Нуредини ја презентираше националната климатска амбиција во рамки на климатскиот лидерски самит на САД

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk