ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Бремена жена немала спонтан абортус по вакцинација за ковид-19

April 26, 2021 11:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Жената која ги држи фотографиите од ултразвук, иако е медицинско лице, сепак не се вика Сара Белтран Понсе, туку Ејми Гај Улрих и таа воопшто немала абортус. Нејзината фотографија е украдена, изманипулирана и искористена за огромна измама на интернет. Улрих алармираше дека станува збор за дезинформација и дека нејзината фотографија е злоупотребена, но, размерот со кој лажната објава циркулира на интернет е огромен.

Во информација споделена на Фејсбук пост, се тврди дека жената на фотографијата, претставена како доктор Сара Белтран Понсе, имала абортус неколку денови откако ја примила вакцината на Фајзер. Според објавата од 7 февруари 2021 година, жената  наводно ,,си го убила нероденото дете, заради својата глупава глава без интелигенција и без верба во Бог, и се вакцинирала против нешто непостоечко”.

Но, дали е навистина така?

Како поткрепа на тврдењето, во постот се дадени фотографии од два твита од профил со името доктор Сара Белтран Понсе, кои се замаглени и недоволно читливи, со слаба резолуција. Сепак, во едниот од нив се тврди дека жената со ова име и презиме, имала абортус во четиринаесеттата недела од бременоста. Во истата недела, исто така, таа тврди дека се вакцинирала против ковид-19 и ги охрабрува другите да го сторат истото. На третата фотографија, пак, претставена е жена во униформа на медицинска сестра, која во раката држи слики од ултразвук.

Нашата проверка на факти нè доведе до заклучокот дека жената која ги држи фотографиите од ултразвук, иако е медицинско лице, сепак не се вика Сара Белтран Понсе, туку Ејми Гај Улрих и таа воопшто немала абортус. Нејзината фотографија е украдена, изманипулирана и искористена за огромна измама на интернет која се шири екстремно брзо.

Како дојдовме до ова сознание? Во група за медицински професионалци, која брои над 100 илјади членови на Фејсбук, на 7 јануари 2021 година, за првпат е објавена фотографијата со скеновите од ултразвукот, но од медицинско лице од Илиноис, Ејми Гај Улрих.

Секоја родителска одлука е тешка. За мене, вакцината против ковид-19 беше вистинска одлука. Останете здрави, пријатели, им пишува Ејми Гај Улрих на своите пријатели во групата, додавајќи дека на 7 јануари 2021 година е во 28-мата недела од бременоста.

Откако ова е објавено, постот доживува манипулации, скандалозни тврдења дека таа имала абортус, измена на нејзиниот идентитет, односно име, иако бебето е одлично исто како и мајката, и иако абортус не се случил по примањето на вакцината!

И овој пост Улрих направила обид да го побие, алармирајќи дека е лажна вест, манипулација и измама, односно дека нејзината фотографија е злоупотребена, меѓутоа размерот со кој лажната објава циркулира на интернет е огромен.

И други сервиси за проверка на факти нотираат дека Ејми Улрих не само што уште е бремена и немала абортус, туку и за тоа приложува докази, односно фотографии со поодмината бременост.

За одбележување е дека на Твитер постои профил со името Сара Белтран Понсе, име и презиме на жената за која се тврди дека имала абортус по примањето на вакцината против ковид-19. Меѓутоа, профилот е затворен и заштитен, па затоа не успеавме да провериме дали таа жена имала абортус, дали е бремена, дали се вакцинирала и дали на некаков начин нејзиното име е поврзано со напишаното во постот.

Треба да се посочи и дека Светската здравствена организација во овој момент не препорачува бремените жени да се вакцинираат со вакцината на Фајзер и Бионтек.

Во случај бремената жена да има неизбежен и висок ризик од контакт со коронавирусот, на пример, здравствен работник, тогаш вакцинацијата може да се земе предивид, со претходен разговор со нејзиниот лекар, пишува во упатството на СЗО.

Во конкретниот случај станува збор за измамнички пост, каде што е злоупотребена фотографија од една жена која самата ја постирала на Фејсбук. Потоа фотографијата е преземена, нејзиното име е променето и креирана е приказната за измислен абортус како последица од вакцинација против ковид-19.

извор: Критинк.мк

Next Post

ДЗИС денес го одбележува Светскиот ден на интелектуалната сопственост

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk