пишува: РИБАРО
Недоумица кај чираците од белата палата на вмровците, после денешната прес-конференција на министерот Филипче кој најави дека за време на верските празници, нема да има полициски час.
Како што јавуваат изворите на АХА, збунетите врескачки пропагандисти, попладнево ги вжештија телефоните од ѕвонење за насоки, кој од двата спремни текста за оцрнување на власта да го пуштат во употреба на социјалните мрежи.
- Леле нема карантин за Велигден! Дали се нормални овие од Владава, кога ќе качат бројките сега…?!
- Нè затвораат како стока. Човекови права бе ало! Слобода на движење е загарантирана! Како бе со оваа Влада…?!
Од белата палата не им било јасно зошто фејсбук чираците не знаат кој од двата веќе спремни текстови да го одберат, зашто нели очигледно е дека тоа е првиот текст.
– Сигурно си е сигурно, братче, со вмровциве не си на чисто, имаат контра логика. Поарно прашај си за да си бидиш раат, велиТ за АХА еден од неутро-вмронските чираци кој сакаше да остани анонимен.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK