ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пред почеток на второто полувреме

April 26, 2021 11:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО НАУМОВСКИ/ ЦИВИЛ МЕДИА

Сите одиграа, што се вели, на прва.

„Натпреварот“ почна со една благо речено несмасна и невкусна изјава преку медиумите на првиот човек на ДПИ Стојко Пауновски со изјавата дека нема намера да ја спроведе одлуката на владата за ангажирање на рамковно вработените лица кои до сега седеа дома и примаа плата, а 35 лица од нив се распоредени во оваа државна институција дури и по цена и да биде сменет од функцијата.

Премиерот кој деновиве токму во с. Теново кое, патем речено, е во непосредна близина на родното село на Стојко Пауновски и каде владее одличен меѓуетнички соживот, во присуство на еден од министрите од владата од коалициониот партнер ДУИ, отвораше нова инвестиција за производство на електрична енергија од обновливи извори и мораше да одговори на овој предизвик од директорот на ДПИ, инаку и негов сопартиец, дека сите мора да ги почитуваат одлуките на владата и доколку тоа не го направи ќе мора да ја напушти функцијата.

Натпреварот се разгоре. На теренот почнаа и лизгачки стартови, имаше и игра со ѓон, фаулите беа сè почести и погруби. Се вмеша и публиката. Твитер заедницата почна да мудрува и да дели правда. Фејсбук публиката реагираше уште пожестоко, дури и вулгарно. Говорот на омразата не изостана. Секој навивач си имаше свој фаворит, иако многу од нив не ја разбраа суштината на спорот. Многу дежурни „патриоти“ не ја пропуштија и оваа прилика да ја искористат и да истурат во јавниот простор меѓуетничка омраза.

Премиерот се обиде да го добие на телефон „бунтовникот“ но тој не му се јавил. Многу некултурно и невоспитано. Делегација од ДПИ побарала прием кај премиерот, но тој немал време да ги прими. Суетата и инаетот се лоши сојузници на разумот.

Не знам и не навлегувам во мотивите на директорот на ДПИ за ваквиот непримерен и непрофесионален однос кон премиерот и одлуката на владата. Можеби тоа се должи на впечатокот во јавноста дека ДПИ е на висина на задачата особено во овие тешки времиња на ковид кризата и, со право, на добиената претстава за неговата заслуга за тој успех и врз основа на тоа остварениот личен авторитет. Или можеби се работи за внатрепартиски несогласувања или можеби нешто сосем друго. Во секој случај со својата непромислена постапка го постигна само ефектот на кравата што ќе го клоцне и ќе го истури млекото.

Премиерот и владата исто така се исправени пред тешка дилема, иако се свесни за проблемите со кои се среќаваат инспекторите на терен во спроведување на законите, превработеноста во администрацијата, партизираноста и квалитетот на услугите на администрацијата. Наталожени се многу проблеми кои сепак ќе мора што поскоро да почнат суштински да се решаваат. Но во едно премиерот е во право, одлуките на владата мора да се спроведуваат од надлежните органи.

Среќа е што искрата не предизвика и поголем меѓуетнички пожар, иако имаше за тоа големи шанси, бидејќи овој судир во себе содржи и меѓуетничка компонента. Или можеби уште поточно, не среќата, туку токму меѓуетничкиот соживот и политиката на меѓусебно почитување и толеранција, политиката на мирно решавање на сите меѓуетнички проблеми и недоразбирања по мирен пат, па ако сакате и политиката на едно општество за сите придонесоа овој проблем да не прерасне во нешто што никој не го посакува. Тој пат, впрочем, е избор и на најголемиот број на сите граѓанки и граѓани, сестрано е подржан од нашите западни сојузници кои се гаранти за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Ова особено мислам дека треба да му е многу појасно на Стојко Пауновски, отколку на било кој друг во останатиот дел од државата.

И сега, додека сме на полувреме, така ми се виде денес денот со оглед на смирување на тензиите, пред почетокот на второто полувреме, имам неколку пораки до актерите.

Да ја смират топката и второто полувреме да го одиграат во спортска и фер атмосфера. Помладиот по функција и по хиерархија да најде начин спортски да му се извини на, условно кажано, противникот за неспортските стартови од почетокот на мечот, а противникот-старешината  да постапи спортски и човечки, да го прифати извинувањето и да продолжат во една одговорна, професионална, аргументирана борба на мислења, да го завршат мечот по кој, без разлика на резултатот, никој нема да се чувствува, ниту како победник, ниту како поразен, а ќе победи интересот на сите граѓани на оваа држава. Тоа ќе биде силна порака дека на цивилизиран начин, со демократски средства и во рамките на институциите, можат успешно да се решаваат и наизглед многу комплицирани прашања.

Next Post

Приведени две лица поради напад на полициски службеници на вчерашниот протест

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk