ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Адеми-Клус: Поддршката од Словачка за пристапување на С.Македонија и Албанија во ЕУ

April 28, 2021 17:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на собраниската Комисијата за европски прашања Арбер Адеми денеска имаше средба со заменик – министерот за надворешни работи на Република Словачка, Мартин Клус на која присуствуваше и словачкиот амбасадор во нашата земја, Хенрик Маркуш.

Заменикот – министер Клус, како што е наведено во соопштението од собраниската Комисијата за европски прашања, ја повторил поддршката на Словачка за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и отварање на преговарачките поглавја што поскоро.

Во тој контекст, посочил дека Словачка дава поддршка земјите од Западниот Балкан да бидат една од приритетните точки на Агендата на претстојната конфереција за иднината на Европа, што ќе се оддржи во мај годинава. Притоа, како што е наведено во  соопштението, истакнал дека процесот на отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија има димензија на стабилност и безбедност во регионот.

Адеми на средбата изразил голема благодарност за силната и недвосмислена поддршка што Словачка и ја дава на Северна Македонија, во континуитет, во однос на нашите евроинтегративни процеси. Притоа, посебно се заблагодарил на неодамнешната инцијатива на министерот за надворешни работи на Словачка, Корчук, кој заедно со уште осум министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ, писмено се обрати до Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Борел, повикувајќи го во Агендата на априлскиот Совет на министри во април да биде ставен Западен Балкан.

Toј посочил дека усвојувањето на Рамката за преговори и одржувањето на Првата меѓувладина конференција во јуни, за време на претседателството на Португалија е наш клучен приоритет, поради што сме фокусирани за надминување на отворените прашањата со Бугарија.

Земјата, како што истакнал Адеми, останува посветена на ЕУ агендата, и во тој контекст, Парламентот и Комисијата за европски прашања, целосно се вклучени во реализацијата на европските реформи.

-Двајцата соговорници се согласија дека парламентарната соработка на двата парламенти е одлична. Нашиот собраниски Парламентарен институт, беше формиран по примерот на Парламентарниот институт во Националниот совет на Словачка, при што имавме голема стручна поддршка на овој план, се додава во соопштението.

извор: МИА
Next Post

Со Мицкоски никогаш не сум разговарал за амнестија на осудените за 27 април, вели Заев

Shortcut

Најново

Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk