Според последниот извештај на „Фридом хаус“ македонскиот демократски индекс се зголемил од 3.75 на 3.82 поени, што претставува голем успех, ако се има предвид дека нашата земја е единствената во регионот каде се забележува демократски напредок, објави министерот за правда Бојан Маричиќ.
– Според извештајот, Владата на премиерот Зоран Заев поправила дел од институционалната штета нанесена од неговиот десничарски-популистички претходник. Ова е уште еден доказ дека реформите што се прават во земјата, вклучувајќи ги и оние во правосудството даваат резултат, напиша на својот Фејсбук профил Маричиќ.
Дополнително, посочи тој, тоа е и обврска и мотив да продолжиме по патот кон целосна демократизација на општеството.
извор: МИА