ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Сепак се работи за два сосема различни светови

April 28, 2021 12:20
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Удрија по Денис и по здравствените работници.

И не е чудно де, што паднаа толку ниско, од безнадежници не може да се очекува нешто поинаку.

Вчера Мицкоски и неговиот потпретседател Николоски излегоа со реакции за видео снимката во која здравствениот работник Денис Јанкуловски и неговите колеги од првата борбена линија на фронтот против короната, танцуваат на релаксирачката песна од Дац и Александар во салата Борис Трајковски, каде се одвива вакцинацијата.

„Не можев да поверувам во она што го гледав вчера, на онаа песна која што ја компонирале. Па дури, и не можам на оние луѓе да им се изначудам на паметот“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дополнувајќи дека е трагично, декадентно и мизерно орото од спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кое се гледаат медицинските работници како играат и се веселат на новата песна од Александар Митевски и Драган Спасов – Дац.

Мицкоски, драги мои не може да поверува дека здравствените работници кои повеќе од година и пол „изгинаа“ спасувајќи животи, имаат потреба во некој момент да земат оддишка, да приберат сила, да се релаксираат човече божји, за да можат да го поминат колку-толку нормално работниот ден.

Многу нормално е Мицкоски да не може да им се изначуди на Денис и медицинските работници, кога е заробен човек. Заробен човек во умот, на слободар човек во духот, тешко може да му верува, тоа е непишано прифатена аксиома.

Неговиот потпретседател, со истиот вокабулар, со истата недоветност, во истиот тон како неговиот претседател, но оди уште „похрабро“ – Александар Николоски бара изричити оставки.

Снимка од екран од фејсбук-профилот на Александар Николоски

Од кого човече бараш оставки? Од оние кои животот си го ставија во служба на сите нас? Од овие луѓе кои окапуваат на нозе по цел ден, вакцинираат и спасуваат човечки животи, а сепак кога одиш таму со насмевка те пречекуваат и ти го земаат стравот, од нив бараш оставка? Од Денис ли бараш оставка? Бараш од човекот кој е утринска искра ведрина, надеж и верба во животот за илјадници луѓе во овие никакви времиња каде светот се бори во бессознание со опакиот вирус? Од него ли бараш оставка ти неартикулирана хушкачка машино на лажни вести?!

Мора да му е многу тесно во сопствената кожа и да му се поматило нешто во главата на Николоски, па поистоветува луѓе херои – здравствени работници, со политички ликови и политики.

Денис пак, од друга страна, онаков позитивен, во негов стил вели: „Она што уште на почетокот си го зацртав и го практикувам буквално секој ден од 9 март 2020 година наваму, а се со цел полесно да ги минувам напорните денови и да бидам максимално функционален и корисен е: сите неубави информации, особено дезинформации и вакви неочекувани дискредитации на здравствените работници да не допираат до мене. Затоа што се тоа што може и малку да ме измести од зацртанитот и докажано успешниот начин на секојдневно функционирање ќе се одрази на квалитетот на мојата работа а тоа уште полошо и пострашно ќе се одрази на оние кои чекаат од мене свесно, совесно и професионално работење.
Затоа и ова оди во фолдер „зар е могуќе бе?!?!“

Реакциите на нормалната јавност пак, #ПоддршкаЗаДЕНИС, се илјадници постови и коментари во насока на поддршака на Денис:

„Поддршка за другарот Денис, човекот кој повеќе од 1 година помага на граѓаните заболени од Ковид 19, а кој денес беше нападнат од Мицкоски затоа што шири позитива во овие тешки времиња. Денис, ти си СУПЕР ХЕРОЈ!“, вели Мирче.

Соња, прашува: „Сите знаеме што направи Космонаутко за народот последниве година дена … кажи ни што направи ти?!“

Емотивните пораки за поддршка на Денис и неговите другари здравствени работници, продолжуваат да пристигнуваат на фејсбук-профилот од Денис и денеска.

Од друга страна, каде одиме со овие злокоби, што да им правиме? Како да ги заобиколиме а сепак нивната злоба да не остави трага од горчина, за да останеме неоштетени и неизвалкани од нивната јад?

Очигледно им е потребна помош на Николовски и на Мицкоски.

Кој да им помогне и како, тоа не знам, но факт е дека ова е крик на луѓе бесчувствителни, роботизирани и заслепени од омраза, очајници кои не можат да видат подалеку од нивната безочна борба за власт.

Сепак, драги мои, се работи за два сосема различни светови – оној од Денис и другарите, нашиот свет и оној нивниот – зачаурениот.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk