ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Соработка со Хрватската народна банка како дел од Регионалната програма на ЕУ за централните банки од земјите на Западен Балкан

April 28, 2021 16:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Регионалната програма за јакнење на капацитетите на централните банки на земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан, којашто е во тек, започна да се спроведува билатералната мерка во соработка со Хрватската народна банка, насочена кон понатамошно зајакнување на функцијата на нашата централна банка во областа на меѓународните односи и особено евроинтеграциите.

Целта, како што соопшти Народната банка, на оваа конкретна билатерална мерка ќе биде проучување на искуството на Хрватската народна банка во процесот на пристапување во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), како и соработката со европските институции по влезот во ЕУ, врз основа на што ќе се изработи патоказ за натамошниот дел од процесот на интеграција во ЕУ. 

Од НБ истакнуваат дека искуството на Хрватската народна банка, како и искуствата на други централни банки коишто го имаат поминато евроинтеграцискиот процес, се од големо значење за зајакнување на функцијата на нашата централна банка во сферата на меѓународните односи и односите со ЕУ, заради соодветно исполнување на улогата на Народната банка во процесот на пристапување кон ЕУ и потоа.

Програмата финансирана од ЕУ за јакнење на капацитетите на централните банки од Западен Балкан започна да се спроведува во 2019 година, во соработка со Централната банка на Германија како координатор на Програмата, деветнаесет други централни банки од Европскиот систем на централни банки и Европската централна банка, а ќе се спроведува до крајот на оваа година. За оваа Регионална програма, Европската унија одвои 2 милиони евра преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).

извор: МИА

Next Post

Маричиќ: Извештајот на „Фридом хаус“ е доказ дека реформите даваат резултат

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk