ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Утврден Предлог-законот за признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица, кинеските вакцини пристигнуваат утре, Шекеринска не очекува можен пресврт со Бугарија во јуни

April 29, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Министерството за правда на вчерашната седница е утврден Предлог-законот за изменување на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права.

Кинеските вакцини ќе пристигнат утре. Меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнуваат секој понеделник во мај, односно вкупно 26.000, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека очекуваат информација за вакцини и од Ковакс-системот.

Министерот за здравство Венко Филипче најавува дека на  пунктовите за масовна вакцинација  што треба да профункционираат во уште шест градови од вторник следната недела дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10.000 граѓани и како што вели, воопшто да нема никакви гужви. Досега се вакцинирани вкупно 60.000 граѓани.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не очекува дека без партнер од другата страна и со техничка влада, како што изјави, е можен пресврт во однос на односите со Бугарија за нашето членство во ЕУ. Но, она што треба да го правиме до јуни, нагласи таа, е да ги потсетуваме сите оти ние нашите обврски ги исполнивме и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од страна на ЕУ.

Стратешка цел на Словачка е Северна Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ и затоа Братислава е против раздвојување на преговарачкиот процес за двете земји и смета дека тие треба да ги почнат преговорите заедно, изјави денеска словачкиот заменик министер за надворешни работи Мартин Клус.

По добиените информации дека изолирани групи на ученици во неколку училишта во државата по насоки од родителите и старателите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука упатува апел за разумност и повторно приклучување кон останатите деца од нивните класови, затоа што постапката не оди во прилог на нивната едукација.

Мора да продолжиме со висок опфат на редовна имунизација против детските болести, вели Патриција Ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ, по посетата на поликиниката Ѓорче Петров во која се вакцинираат деца од три општини во Скопје.

„За македонските терористи и други занимливости“ пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Приведен дилер од Гостивар, при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

М. Миткоска

Next Post

Четири респиратори за Клиниката за детски болести донирани од Словачка

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk