ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Вистиномер: Спин е дека осудените за „крвавиот четврток“ се уставобранители

April 29, 2021 15:29
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Осудените лица, но и другите граѓани кои на 27 април 2017 година влегоа во Собранието можат да се наречат со многу термини, многу квалификативи, самите можат да се чувствуваат како бранители на идеја, на лидер, на позиција, на устав, на што било, но фактите не дозволуваат да бидат квалификувани како уставобранители во јавниот дискурс. Сосема е друго барањето за ново судење поради нови факти, ако ги има, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин, што подолу го пренесуваме во целост.

Не само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, туку и други политичари, интелектуалци, новинари, граѓани итн, по повод протестот што се одржа пред Владата и Собранието на 25.04.2021 година, осудените лица за тој настан, како и генерално учесниците, ги квалификуваа во јавниот простор како уставобранители. Тука издвојуваме два спина:

Спин: Протестот е одраз на целокупната состојба во општеството. Народот е не задоволен, народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои го бранеа  Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме  судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој  случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и  да ја докажат својата невиност.

Спин: Пораката е што беше, беше, доста беше. Очигледно дека тие луѓе што се по затворите, тие беа во право, а тие што ја водат денеска државата тие излажаа. Дали  требаше да влезат во Собрание – да. Дали беа во право – да. Дали требаше да  тепаат – не. Тоа го осудуваме и за тоа одлежаа затвор и мислам дека е сосема доволно.

[Извор: 21 ТВ – Протест/прилог/Youtube – датум: 25.04.2021]

Контраспин: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чија партија го поддржа протестот пред Владата и Собранието по повод „крвавиот четврток“ од 2017 година, во изјавите околу настанот ги оквалификува осудените лица како уставобранители. Мицкоски не е сам во таа оценка. Со таква, оценка, всушност се повикуваше и при организација на протестот, а таквиот квалификатив за осудените лица и учесниците на настанот го споделуваат и други политичари кои гравитираат кон ВМРО-ДПМНЕ, но и интелектуалци, новинари, други јавни личности, секако и од учесниците на вчерашниот протест. Ваквата придавка за осудените лица и за оние што влегоа во Собранието може да се оцени како спин.

Секој што малку ги одмерува фактите како дојде до „крвавиот четврток“ на 27.04.2017 година, може да согледа дека осудените лица, но и оние што не беа, можат да се наречат со сите други атрибути, но не може да бидат уставобранители, дури и самите да се чувствуваат и доживуваат како такви.

Целта беше неуставно останување на власт на Груевски

Имено, секое насилно влегување во зградата што поетично се нарекува храм на демократијата, а тоа е Парламентот, не може да преставува чин на уставобранителство, та дури и да станува збор за кршење на Уставот како можна причина. Тоа е така зашто во долгата историја на парламентаризмот и брусењето на современите демократски принципи во светот, па и во земјава, дури и за кршење на устав има измислено лек – Уставен суд, како единствен надлежен правен лек. Сè друго може да се граничи со револуција, насилство или акт кој некои го нарекуваат тероризам, иако треба да се биде многу внимателен при употребата на овој збор за настаните од 27 април, та дури и кривичното дело така да се нарекува во Кривичниот законик.

И накратко, за потсетување, откако на крајот од 2016 година СДСМ ги загуби изборите, но победникот ВМРО-ДПМНЕ оствари „пирова победа“ зашто не можеше да состави Влада, следеа мачни три-четири месеци. За тоа време, овие што не можеа да најдат коалициски партнер за влада, ги реализираа сите дозволени и недозволени начини да не ја предадат власта, т.е. да останат на власт.

Тоа го правеа со помош на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов кој не го даваше мандатот, преку Собрание и растегнување на Деловникот за работа, поточно член 80, како кора за пита или погача со помош на тогашниот спикер, Трајко Вељаноски, со помош на тогашниот лидер и сè уште актуелен премиер, Никола Груевски, кој повикувајќи го народот да не седи во папучи дома ако сака да ја одбрани државата, божем од Тиранската платформа, де факто стоеше врз едномесечните протести пред Собранието на кои беа вадени и багери и булдожери, потоа со помош на дел од командниот кадар на МВР тогаш и со помош на дел од тајните служби, кои, преку користење на ликови од подземјето организираа пасивност на полициските службеници и единици во критичниот миг на влегување и потоа насилството и секако, да не го заборавиме легендарниот Крсто Мукоски, тогашниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој ги отвори вратите, а потоа од сосема други причини беше, според многумина неоправдано амнестиран од таа одговорност, заедно со повеќе други тогашни пратеници на партијата.

Да сумираме – сè што се случуваше на 27 април 2017 година имаше за цел да не му се дозволи на СДСМ да формира Влада, т.е. ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт. Тоа е секако противуставно, имајќи го предвид токму Уставот, настрана од фактот што и самото насилно влегување во Собранието е, исто така, противуставен чин. Поради неуспехот на тој чин, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се реши „борбата за каузата“ да ја продолжи од странство, срамно бегајќи и од личната одговорност и од одговорноста пред оние кои ги втурна во разни непромислености, вклучувајќи и насилен упад во Собранието.

„Уставобранителите“ и „протрампистите“

И наместо тоа јасно да биде означено од сите политички чинители, денешната најбројна по пратеници политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, вели дека осудените лица биле уставобранители. Да не остане покус и лидерот на нивниот коалициски партнер ГРОМ, Стевче Јакимовски вели ДА, требаше да влезат! Изедначувајќи ги на тој начин „уставобранителите“ со „војниците на Q армијата“ во САД, кои насилно влегоа во американскиот претставнички дом Капитол, обидувајќи се, на повик на Доналд Трамп, да му овозможат да не ја предаде власта во САД откако ги загуби изборите!

Според тоа, ако се согледаат повеќе факти, јасно е дека терминот уставобранители за осудените (и за амнестираните) лица за настаните од 2017 година е извртување на вистината или спин.

Сосема друга работа е барањето на протестот на 25 април годинава и од политичарите и од семејствата на осудените за нов судски процес. Тој би настанал по таква евентуална одлука на Врховниот суд, доколку навистина има нови клучни сознанија и сведоци за настаните што би можеле да овозможат спроведување на правниот лек наречен „барање за заштита на законитоста“. И тука нема ништо спорно. Тоа е прашање со кое треба да се занимаваат правосудниот систем и правната држава, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk