Од Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ), објавуваат дека ова е првиот 1 Мај во историјата на културните работници и уметници во државата со Колективен договор што се спроведува.
Од овој мај (со априлската исплата), како што наведуваат од Синдикатот на културата, сите вработени во културата ќе имаат покачување заради новоутврдената минимална плата, нешто за што се изборивме во колективниот договор и сме единствени со таква уредба во државата (Како расте минималната плата, така спирално да растат сите плати), велат од СКРМ.
„Овој мај веќе е решен проблемот на оние чии плати беа намалени со Колективниот договор. Им рековме дека нема да ги оставиме и не ги оставивме. Комисијата го поднесе заклучокот во Министерство за култура и истото министерство е задолжено да го спроведе во најбрз можен рок.
Едноставно, СКРМ ги завршува работите до крај! Labor omnia vincit!“, се вели во објавата од Синдикатот на културните работници на Македонија.
Ј. Ѓ.