ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За каква „заедничка историја“ може да разговараат ДРЖАВИТЕ Бугарија и Македонија?

May 1, 2021 12:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Република Бугарија е наследник на Кнежевството Бугарија создадено по Руско-турската војна на Берлинскиот Конгрес 1878, кое станува независна држава – „Царство Бугарија“ – во 1908.

Сегашна Република Северна Македонија е наследник на Демократска Федерална Македонија од 1944, која по трансформацииите како федерална држава во рамките на ФНРЈ/СФРЈ (Народна и Социјалистичка Република Македонија) станува независна држава Република Македонија во 1991, првично признаена од Република Бугарија.

Формално правно гледано, кои можат да бидат „заеднички историски настани и личности“ („општи исторически собития и личности“) за овие ДВЕ држави, согласно Договорот за пријателство што го потпишаа двете ДРЖАВИ?

Одговорот на ова прашање е многу лесен: Формално правно гледано, за да има „заеднички историски настани и личности“ за двете ДРЖАВИ, тие две држави треба да постојат, значи можеме да зборуваме за заеднички историски настани и личности од 1944 година наваму!

Двете држави имаат право меѓусебно да си ја регулираат и усогласуваат ДРЖАВНАТА историја, а немаат никакво право да регулираат или претендираат на монопол над разбирањето на историските настани и личности кои излегуваат од рамките на државната историја. Затоа што ДРЖАВАТА нема и не може да има монопол над разбирањето на историјата!

Следствено, заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања може да разговара за чествување на „заеднички историски настани и личности“ меѓу ДРЖАВИТЕ само по 1944 година! Заеднички ДРЖАВНИ историски настани, се на пример, учеството на Добри Терпешев на Второто заседание на АСНОМ, пренесувањето на моштите на Гоце Делчев, учеството на културно-просветни дејци од Македонија во културната автономија во Пиринска Македонија, признавањето на независноста на Македонија од страна на Бугарија, потпишувањето на договорот за пријателство, итн. А заеднички личности се Георги Димитров (кој преговарал со Тито за заедничка држава со Југославија), Димитар Влахов, гемиџијата Павел Шатев, па и осудените и егзекутирани македонски Бугари кои биле дел од окупаторската власт во Вардарска Македонија (дел од „Вардарска Бановина“), итн.

Иако пред 1944 немало државен ентитет Македонија, и не може формално-правно да се зборува за зедничка ДРЖАВНА историја со Бугарија, сепак, експертите може да разговараат и за ДРЖАВНАТА историја на Бугарија што се однесува на територијата на сегашната држава Македонија (за да се спречат појави на територијални претензии, што е регулирано со договорот за пријателство). Може да се разговара затоа што ДРЖАВАТА Бугарија била присутна на територијата на сегашната држава Македонија во:

1) Првата и втората Балканска Војна (како „ослободител“ на територии од Османската Империја, кога со Букурешкиот договор 1913 ја добива Пиринска Македонија и струмичката област)

2) Во Првата Светска Војна (како окупатор на територија на Кралството Србија, кога со Нејскиот договор од 1919 ја губи струмичката област)

3) Во Втората Светска Војна (како фашистички/нацистички сојузник и окупатор на територии на Кралството Југославија – меѓу кои и дел од „Вардарска Македонија“ која била поделена со Фашистичка Италија – а во есента 1944 и како учесник во воените дејства за ослободување на делови од Југославија и Вардарска Македонија од нацистичка Германија).

Пред Балканските војни, државата Бугарија не била на никој начин присутна на територијата на сегашната држава Македонија (освен со пропагандни дејствија), и затоа формално-правно нема никаква основа да се разговара за „заеднички историски настани и личности“ во отоманскиот период. За тој период сегашната држава Македонија може да разговара со Турција, како наследник на Отоманската Империја.

Формално правно, Бугарија не го помага Илинденското востание (и покрај упатениот апел за помош на Илинденците), нецела деценија подоцна склучува таен договор со Србија за поделба на Македонија, и токму затоа нема никаква основа за заедничко чествување на Илинденското востание и историските ликови од отоманскиот период кои се бореле за автономна Македонија, а кои се првенствено дел од отоманската историја на Балканот.

Накусо, ако меѓудржавната комисија се држи до ДРЖАВНАТА историја, и се апстрахира од етно-националистичките наративи кои го трујат образованието во двете земји, многу полесно ќе се дојде до договор и разбирање меѓу Бугарија и Македонија за „заеднички историски настани и личности“ („општи исторически собития и личности“).

Фактот дека експертите од меѓудржавната комисија разговараат за историски интерпретации на средниот век е показател дека ја утнале темата на „домашната работа“.


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk