Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, при што се регистрирани 105 нови случаи на Ковид-19. Според податоците од Институтот за јавно здравје пријавени се и вкупно 403 оздравени пациенти и 45 починати лица, од кои 20 починале во периодот од 29 март и 10 април 2021 година, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број 105 новинфицирани од Скопје се 55, Битола 15, Тетово 9, Струмица 6, од Куманово и Кавадарци по 3, од Велес и Охрид по 2 и по еден од Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица.
Од регистрираните 403 оздравени пациенти од Скопје се 162, Куманово 42, Прилеп 33, Битола 30, Штип и Кочани по 22, Тетово 18, Велес 17, Струмица 12, Гостивар и Гевгелија по 6, Радовиш 4, Кичево, Пробиштип, Свети Николе, Валандово и Кратово по 3, Ресен, Струга, Берово, Виница и Богданци по 2 и Кавадарци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.
Од пријавените 45 починати лица, 14 се од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29 март и 10 април 2021 година.
Направени се 946 тестови и тоа преку ИЈЗ-72, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-22, ГОБ 8-ми Септември -5, Институт за микробиологија – 78, МАНУ – 44, Жан Митрев (Филип Втори) – 68, Авицена -147, Биотек – 109, Систина – 153, Синлаб – 3, Плодност – 33, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 191.
Досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.