Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, при што се регистрирани 105 нови случаи на Ковид-19. Според податоците од Институтот за јавно здравје пријавени се и вкупно 403 оздравени пациенти и 45 починати лица, од кои 20 починале во периодот од 29 март и 10 април 2021 година, соопшти Министерството за здравство.
Пожарот што попладнево избуван над селото Галичник е ставен под контрола, објави Месната заедница Галичник на Фејсбук.
Во ФРОНТ, Бранко Тричковски: Народот е незадоволен затоа што малку го онадат
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 465 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, известуваат од Министерството за здравство.
Американската амбасадорка во Северна Македонија Кејт Брнз на македонски јазик го честита големиот христијански празник Велигден на православните верници во земјава.
Илјадници луѓе вчера присуствуваа на музички фестивал во Вухан, кинескиот град за кој се верува дека е регистриран првиот случај на коронавирусот.
Во блиска иднина, наместо допирање или вметнување на картичката во банкомат, ќе биде доволно само да се погледне во банкоматот за да се подигне готовина.
Полицискиот час, кој беше укинат изминатата ноќ, од вечер повторно се враќа во сила и ограничувањето на движењето ќе трае од 21 час до 5 часот.
Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во сливните подрачја кои доаѓаат од повисоките планински делови и каде има можност за интензивно топење на снегот во наредните денови.
Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален
дожд со ретки грмежи.
Три златни и по еден сребрен и бронзен медал освоија македонските атлетичари на силниот Меѓународен митинг Бар 2021 на кој учествуваа преку 300 натпреварувачи од десет држави.
Ј. Ѓ.