ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Не ни треба реприза со платените јавни кампањи во медиумите

May 4, 2021 19:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Engin Akyurt/Pixabay

Фото: Engin Akyurt/Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на јавната најава на Владата за измена на регулативата со која ќе престане да важи забраната за рекламирање во медиумите од страна на јавните институции (член 102 од ЗААМУ).

Во објавата на МИА од 4-ти мај 2021 година, во еден новинарски спорен текст, се вели дека Владата ќе донесе пакет медиумски реформи кои подразбираат платени јавни кампањи во приватни медиуми и формирање Фонд за истражувачко новинарство и за продукција на медиумски содржини од јавен интерес.

Невообичаено и тенденциозно е тајни брифери од Владата да пласираат информации на јавен сервис, притоа тие  да не се поткрепени со факти.

Во текстот се имплицира и провејува впечатокот дека СЕММ и ЗНМ некогаш побарале измена на член 102, заедно во пакет со формирање  Фонд за помош на медиумите.

Почитувани претставници на Владата, ова е лага!

ЗНМ и СЕММ, заедно со ССНМ и МИМ никогаш ниту прифатиле, а ниту побарале законски измени со коишто би се овозможил начин на директно истурање на јавни пари за владини кампањи во приватни медиуми.

Тоа е наш принципиелен и конзистентен став од којшто во ниту еден момент не сме отстапиле, на ниту една средба или разговор.

Обидот нашиот став за овој член на Законот да се заобиколи или маскира во купот на други најави и ветувања за медиумски реформи создава лажна слика за позициите на фелата.

Ваквиот однос ја поткопува довербата помеѓу новинарските и медиумски организации и Владата и истите можат погрешно да бидат толкувани и од страна на јавноста и на меѓународната заедница.

Затоа, сакаме јасно да потенцираме дека ние бевме  и сме против овие законски измени и апсолутно не сметаме дека тие треба да се стават во кошница со други медиумски реформи, од проста причина што на нив никако не гледаме како на реформи.

Што се однесува на Фондот за помош на медиумите, тоа секако е идеја за која треба да разговараме и ние меѓу себе како организации, и со Владата и со претставници на меѓународната заедница.

Иако во текстот на МИА повторно се сугерира спротивното, дозволете да појасниме дека не постои формално барање до Владата за формирање на Фонд за медиуми, туку наша подготвеност да бидеме конструктивен партнер за осмислување на овој модел доколку се направи проценка за потребата на таков фонд.

Создавањето на овој модел може да биде единствен исправен начин за поддршка на развојот и на медиумите, ама и на слободното и професионално новинарство.

Во насока на погоре кажаното, сметаме дека се потребни две работи со цел да се избегнат недоразбирања во јавноста и тоа:

  1. Владата на РСМ да ја повлече иницијативата за укинување на забрана за државно рекламирање (да не се менува член 102 од ЗААМУ) и
  2. Владата да отвори јавна дебата во медиумскиот сектор за формирање Фонд за поддршка на професионалното новинарство.

Доколку ги прифатите овие барања, веруваме дека ќе оставите простор да се изнајдат квалитетни решенија за помош во медиумскиот сектор, такви коишто ќе му помогнат и на медиумскиот пазар да биде слободен и конкурентен, и на самите новинари, како поддршка на нивната професионална работа.

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

Совет за етика во медиумите (СЕММ)

Македонски институт за медиуми (МИМ).

извор: МИА

Next Post

Првпат по десет месеци Израел забележа под 100 тешко заболени лица со Ковид-19

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk