Дувањето и пумпањето со „Иде Бранко“ е неописив дилентатизам на пар „увреѓени и разочарани“ фиќфириќи заради чиста суета. Вака оди суетењето: ја не го сакам овој, оној другиот не можам да го гледам, а тој па, господ да чува и да брани, и така натаму и на тоа слично. Типичен малограѓански ендорасизам.
Или да бидам попластичен: пар приватни, лични омрази на неколку неспособни (и бивши!) партиски кадри кои планираат, ако добро исчитувам, преку некоја, засега фикционализирана „Социјалдемократска иднина“, да ја казнат цела политичка класа.
Е, туку е заебот.
Тие кутри пилиња, нема да ја казнат цела политичка класа, ниту такво нешто е возможно. Туку ќе го казнат оној демократски дел што циркулира „во“ и „околу“ СДСМ. А оние другите, Левица и ВМРО-ДПМНЕ, од тоа ќе профитираат. Тоа е првиот дилентатизам на несреќите кои почнаа да урлаат со „Иде Бранко“.
Вториот делетантизам е во тоа што квантитативно нема да освојат ништо на претстојните локални избори, туку нивната намена ќе биде за да и’ се направи на СДСМ активна или пасивна штета од неизлезност, наративот ќе се хендла од типот, „ју, ју, види ги какви се, неспособни, никакви“, па дрн, па sврц.
И третиот дилентатизам е во гласовите од типот, „Допрва ќе видите Бранко коа ќе дое“. Многу е глупаво, авторитарно и осакатено, некои занесењаци да се скриваат позади Бранко. А владата на Заев ја критикуваат за тромавост, па веројатно Бранко ќе ја убрза на негови 60 години со „добропознатата” и „замрзната“ енергија, не? Какви лузери, мајко мила.
Заев е космички брод, а неговиот тим е брз танкер. Кој во тоа не верува, ќе се увери за брзо. А за сите љубопитни опозиционери кои сакаат да го рушат, да им кажам дека човекот спрема нов проект, чисто колку да ја нервира целата опозиција. Името на тој проект се вика „Северна Македонија 2050“.
Фејсбук објава од Ненад Јовановиќ