ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

СКОПСКО со поддршка за македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство

May 7, 2021 18:04
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пивара Скопје и СКОПСКО постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство, што ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули оваа година.

СКОПСКО, како докажан пријател на спортот и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, пред и за време на првенството, интензивно се подготвува за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери во нивниот историски настап на едно големо фудбалско натпреварување. За таа цел, во соработка со ФФМ, ќе биде реализирана кампања под  мотото „Заедно и сѐ е можно“, во која составен дел е навивачката химна „Одиме на Европско“.

Во создавањето и изведбата на навивачката химна, за која е креиран и видео спот, учествуваат домашни музички ѕвезди обединети во бендот „Вис Рисови“.

Во насока на креирање вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на првенството, на пазарот се лансирани и специјално дизајнирани СКОПСКО и СКОПСКО Smooth лименки кои се посветени на фудбалот и македонската репрезентација. Продажбата на оваа специјална серија лименки започна од 26-ти април.

„Исклучително сме среќни што, како докажани партнери и поддржувачи на спортот, имаме можност да бидеме дел од оваа приказна која покрај спортскиот успех во себе содржи и голема национална гордост. Сигурни сме дека фудбалерите ќе дадат сè од себе за да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека кога се подготвени заедно да го дадат својот максимум на теренот, сѐ е можно. А, ние ветуваме дека СКОПСКО ќе биде со нив и дека заедно со многубројните фанови и целокупната јавност од сè срце ќе ги бодриме. Веруваме дека, по сите неизвесни и тешки моменти со кои се соочуваме во овој период, нашите фудбалери, со нивната игра и залагање, ќе нè исполнат со радост и гордост“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.

Во знак на благодарност за партнерството со СКОПСКО и поддршката за македонската фудбалска репрезентација, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на генералниот директор на Пивара Скопје му подари специјален репрезентативен дрес со бројот девет. Од своја страна пак, генералниот директор на Пивара Скопје, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок за означување на оваа значајна соработка.

„Ни претставува исклучително задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на фудбалот’ добиваат нов партнер во името на Пивара Скопје. Нѐ радува тоа што еден од најпрепознатливите наши брендови, славното СКОПСКО, станува дел од фудбалското семејство. Верувам дека заеднички ќе се радуваме на нови победи, со душа и со срце ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме со ‘На здравје – за нови победи’”, истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

СКОПСКО и ФФМ најавуват наскоро ново продолжение на оваа приказна со кое ова партнерство, репрезентативците и нивниот настап на европското првенство ќе останат запаметени во нашата фудбалска историја.

Next Post

Бочварски: Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, a ние како Влада едногласно одлучивме да им биде доделен стан во општина Струмица

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk