ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Дијалог може да носи резултати, но не очекувам ништо за 27 април

May 7, 2021 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев го поздрави дијалогот на претседетлот Стево Пендаровски со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но, вели, не очекува ништо од денешната средба по однос на прашањето за настаните од 27 април во Собранието.

–Не очекувам ништо. Убаво е што има дијалог. Дијалогот може да носи резултати. По основ на прашањето за 27 април не очекувам ништо, ниту може претседателот на државата да аболицира или амнестира настани кои се поврзани со терористичко загрозување на уставниот поредок, ниту пак е дозволена таква работа да се направи. Но, од разговор нема зијан. Нека направат муабет, дај Боже да има повеќе консензус во државата и во делокругот на надлежностите на претседателот, како и делокругот на надлежности на опозицијата, пред се, доминантен фокус во Парламентот, вели Заев на новинарско прашање по присуството на поставување камен темелник на нова фабрика на ЛЕАР во ТИРЗ Тетово.

Тој при тоа појасни дека мисли на ослободување и побрза ефикасност, на експедитивност во однос на донесување на законите коишто, вели, живот значат за граѓаните.

-Се надевам и секако многу внимателно ќе слушнам што се заклучоците од таквиот состанок, коишто ќе ги споделат со јавноста затоа што се од висок интерес и за мене како претседател на Владата, вели Заев.  

Во однос на можноста за повторување на случајот со осудените за настаните од 27 април, за тоа доколку има нови и релевантни докази одлучува надлежниот суд. 

-Како и за сите случаи во државата, така и за тој доколку има нови докази коишто порано ги немале, а силно влијаат на можноста и поинаку да се одлучи, во таков случај, напоменувам како и за други случаи може да се отвори постапката. За тоа одлучува веројатно кривичен совет или Совет на кривични судии во надлежниот суд, ги разгледуваат ваквите докази и одлучува дали прифаќаат повторување или одбиваат барање за повторување, рече премиерот Заев.  

извор: МИА

Next Post

Октомври е оптимален период за имунизација на 70 отсто од граѓаните, вели премиерот

Shortcut

Најново

Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk