ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Младите упатија порака до ЕУ, заедно со Албанија на патот кон ЕУ, армиските специјалци добија нова опрема по 25 години

May 8, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави оти не мисли дека Република Северна Македонија и Албанија ќе бидат раздовени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка влада во Бугарија за да се изнајде техничко решение за што веќе има политичка одлука.

Министерството за надвореши работи денеска во песрет на Денот на Европа организираше настан на кој младите од земјава упатија пораки до ЕУ дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од европското семејство и оти сега ЕУ е на потег. Младите упатија порака дека Северна Македонија заслужува почеток на преговори.

По цели 25 години армиските специјалци добија нова комплетна алпинистичка опрема. Четврт век никој не инвестирал во оваа важна компонента на нашите специјални сили која е подеднакво важна и за вежбање на воени операции на непристапен карпест терен, и за операции за евакуација и спасување на цивили на тежок и опасен терен каде не може да се стигне со традиционален транспорт, рече денеска министерката Радмила Шекеринска на промоцијата на новата алпинистичка опрема која ќе ја користат дел од припадниците на Баталјонот за специјални сили.

Со закрепнувањето на економиите и нормализирањето на синџирите на добавување ќе расте трговската размена, како и искористеноста на производствените капацитети. Со олабавување и суспендирање на превентивните здравствени мерки, ќе се подобри искористеноста на услужните капацитети. Сето тоа ќе придонесе кон раздвижување на економската активност и раст на економијата, вели министерот за финансии Бесими.

Новиот експресен пат Штип-Радовиш првата делница од мостот на реката Брегалница до клучката кај рудникот „Бучим“ ќе биде пуштена за сообраќај кон крајот на месецов, најави денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Лидерите на Европската унија денеска изјавија дека клучните пречки за масовно доставување на вакцини против коронавирус не се правата на интелектуална сопственост, туку забраните за извоз и недоволниот капацитет за нивно производство.

М. Миткоска

Next Post

Шекеринска: Оставете ја армијата надвор од валканите политички игри

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk