ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Ден на Европа – Северна Македонија и Албанија заедно на патот до ЕУ

May 9, 2021 20:56
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на Европа, 9 Мај, денот на прочуената Ода на радоста, денот на победата над фашизмот, македонските граѓани оваа година, покрај пандемиските услови, го дочекaa и во надеж за конечно отпочнување на претпристапните преговори со Европската Унија. Стремежот на македонската независна држава и патот кон демократските и западни вредности вирее денес, но виреел и низ минатото. Нашата татковина, историски, била на вистинската страна тогаш, а на вистинската траекторија е и 70-тина години подоцна.
Антифашизмот и поуките од Втората светска војна, несомнено, претставуваат исклучително значајно историско наследство. По завршетокот на војната, антифашизмот искрено прераснува во неизоставен дел од системот на вредности и култури, цивилизациска придобивка и ѕвезда водилка за единствениот пат кон мирољубива иднина. Антифашистичките вредности, како држава сме ги манифестирале и промовирале повеќе пати, а во денешниот контекст, поддршката за членството во ЕУ како стратешки приоритет на Северна Македонија е исправен пред огромни предизвици.

Од една страна, високата поддршка која граѓанството ја дава за исчекорот напред кон заедницата на држави, а од друга страна и јасното декларирање „за“ на сите сериозни политички чинители дека истите, говори дека нашата земја не сака само формално и географски да е дел од најстариот континент, туку и суштински и вредносно. Европеизација на младата македонска демократија е трнлив пат, по кој како земја се соочивме и се соочуваме со предизвици со кои не многу земји се соочиле.

Токму тие болните, нужни компромиси, се причина плус за важноста на Денот на Европа во моменталниот контекст. Последните официјални и неофицијални изјави кои доаѓаат од ЕУ за нејзино проширување, сосема оправдано ја интригираат јавноста. Контроверзните најави за можно двојство и своевидна изолација на македонските европски аспирации, не може, а да не нѐ загрижат како граѓани. Среќа во несреќа, условно кажано, е што некои од највлијателните играчи од Унијата, не ги кријат своите ставови согласно со кои скопскиот и тиранскиот пат кон Брисел остануваат вкрстени и со цел да продолжат заедно. Ваквите демонстративни изјави укажуваат дека во Европската Унија уште има европско и дека гломазноста и системот на одлучување можеби се нејзини аномалии, ама дека со истите сепак членките ќе мора да се изборат.

Еден од униските постулати е кредибилноста и начелото дека зборот е збор. Одговорноста тежи, кредибилитетот е суштина, а токму одговорното и кредибилно постапување на Унијата ќе биде можно само ако таа ги уважи сопствените препораки и конечно даде зелено светло за почетокот на преговори за двете соседни земји. Без да заборавиме дека тоа е само почеток на преговори, прилично долги и макотрпни, а перипетии дополнително претстојат, знаејќи ја формата на крајната согласност за прием на нови членки.

Ако на Одата на радоста која ја диригираат во прекрасниот Брисел, знаат да се радуваат граѓаните на 27 земји членки, зошто тоа да не бидат и граѓаните на Северна Македонија и Албанија. Радоста е реална само кога е споделена, а деветтиот мајски ден не учи дека историјата не треба да се повтори за да мора да ја совладаме лекцијата — она европското и антифашистичкото живее и на овие простори.

Иван Дургутов

Next Post
ФОТO: МИА

Вечерен преглед: Скопје го изработи својот дел од обврските, време е Брисел да испорача, интензивно се инвестира во реконструкцијата на училиштата, тестовите за ковид-19 не се отровни, иако се стерилизирани со етилен оксид

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk