ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Видно намалување на рестриктивните мерки, колективен имунитет се очекува до крајот на летото, идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции, вели Заев

May 10, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување: Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.

Колективен имунитет до крајот на летото, очекува министерот за здравство Венко Филипче. Тој, како што изјави во вчерашното интервју на Радио Слободна Европа, очекува со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото да се постигне колективен имунитет. Министерот нагласи дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во Брисел се сретна со Вархеји. Ние сме подготвени за разговори, веруваме дека треба да имаме уште еден обид во периодот што доаѓа, но треба да знаат и колегите во Бугарија и сите во Европска Унија дека за  нашиот идентитет  нема ниту да разговараме, ниту да преговараме и дека сите обиди тој да се става на преговарачка маса ќе бидат одбиени од македонска страна, потенцираше на средбата претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев.

ЕУ е свесна за своите грешки, но да ја имавме оваа политика во 2008 година најверојатно веќе ќе бевме дел од ЕУ. Изјавите на Вархеји за одвојување немаат логика, знаеме во минатото, во 2019 кога Франција ја побара новата методологија, дел од државите не сакаа нас да не одвојат од Албанија. Ставот на Вархеји е негов, ќе мора да се заземе став, не гледам расположение во ЕУ да се направи раздвојување на двете држави, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ

Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа, а станува збор за неколку различни униформи, информира денеска на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Кратка приказна за достоинството и интегритетот… Утрото на 9 Мај, Денот на Европа, во близина на Универзалната сала во Скопје, истовремено се одржаа два настани. Едниот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, а другиот на руската амбасада. Руските баќушки, намерно или не, ја „рокнаа“ руската химна на својот разглас и го прекинаа Димитров додека говореше за раѓањето на Европската Унија. Вообичаено смирен, тој не се збуни, барем не премногу, па на англиски јазик само рече дека додека трае „ова“, ќе направи пауза. Елегантно, колку може да дозволи една таква приземна ситуација. Упадот на руската химна го нарече „ова“ (this), пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

Се говори дека значителна сума од два милиони евра годишно можат да бидат обезбедени од данокот од извозот на цветот од медицински канабис. Од оние 10 проценти екстра данок што оваа индустриска гранка ќе ги дава кон државата  ќе се подржат лекувањата на лицата со ретки болести, како и проекти од културата, спортот и граѓанскиот сектор – открива Љубиша Николовски во „Слободен печат“.

М. Миткоска

Next Post
Коста Петров. Фото: ФИТР

Коста Петров шест месеци во ФИТР: Иднината им припаѓа на стартапите!

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk