„Се говори дека значителна сума од два милиони евра годишно можат да бидат обезбедени од данокот од извозот на цветот од медицински канабис. Од оние 10 проценти екстра данок што оваа индустриска гранка ќе ги дава кон државата ќе се подржат лекувањата на лицата со ретки болести, како и проекти од културата, спортот и граѓанскиот сектор“ – открива Љубиша Николовски во „Слободен печат“.
„Не го сфаќам толкавиот априорен отпор на ЗНМ, МИМ, на Синдикатот и сите други здруженија кои се противат на укинување, или на измени на членот 102 од Законот за медиумски услуги, кој забранува владини реклами, само затоа што тие, за време на шарената револуција, биле за негово донесување.
Разбирливи се стравовите дека историјата може да се повтори и дека некој нов Никола Груевски ќе ги злоупотреби државните, народните пари за свои потреби. Точно е и тоа дека не се знае каде и во кои џебови ќе завршат тие пари, за кои сега најмногу се острат медиумите“ – коментира Николовски во текстот.