ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за Еуроњуз: Не е можно раздвојување на Северна Македонија и Албанија

May 10, 2021 21:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е можно да се раздвои патот за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев за Еуроњуз.

Брисел ги разгледуваше двете кандидатури паралелно, но минатата недела европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз изјави дека раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија „може да биде опција“ доколку Бугарија продолжи да се спротиставува на влезот на Северна Македонија во Унијата.

Еуроњуз, пренесувајќи ја изјавата на премерот Заев потсетува дека Бугарија бара Северна Македонија, која е потенцијален кандидат за членство во ЕУ од 2003 година, да го признае бугарското потекло на македонскиот јазик и нација.

-Нашиот идентитет – македонски јазик, македонски идентитет е нешто свето за нас, како и за секоја (друга) земја, потенцира Заев во изјавата дадена денеска претпладне по неговата средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Брисел.

-Не може да се преговара за нашиот македонски јазик и македонскиот идентитет, вели премиерот.

Заев рече дека договорот од Преспа, кој Грција и Северна Македонија го постигнаа во 2018 година за да се реши спорот околу името и да се олеснат разговорите за пристапување во ЕУ, е пример за подготвеност на неговата земја да се вклучи во дипломатијата.

Но, има граници на таа добра волја, предупреди тој.

-Ние ја имаме нашата гордост и го имаме нашиот идентитет. Нашата гордост може да оди нагоре и надолу. Тоа го покажавме преку договорот од Преспа и со нашата дипломатија и флексибилност. Нашиот идентитет е единствен и не постои можност мојата влада или која било друга влада да преговара за тоа. И затоа, не е можно ниту држава, па дури ни унија во која сè уште не сме членки, да си игра со тоа. Според мене, не е можно да има раздвојување или каков било друг вид развој или настан од практични причини без никаков збор за Северна Македонија по сè што се случи, рече Заев во врска со историскиот договор и реформите што неговата земја ги спроведе како дел од подготовките за членство во ЕУ.

Во изјавата за Еуроњуз Заев нагласува дека Северна Македонија „заслужува“ да го направи следниот чекор од процесот на членство: меѓувладината конференција.

Во март 2020 година, Европскиот совет се согласи да ги почне разговорите за пристапување и со Албанија и со Северна Македонија. Сепак, наведува Еуроњуз, „упорното противење на Бугарија досега спречуваше дипломатскиот пресврт да стане реалност“.

-Очекуваме ЕУ како целина, сите 27 земји-членки, Европската комисија, да бидат во согласност со она што ни го ветија. Тоа беше: вие испорачајте, ние ќе испорачаме. Ние испорачавме и повеќе од тоа. И ние очекуваме Европската унија да испорача, рече Заев.

Ние, додава тој, сме отворени да разговараме за кое било прашање за кое може да се преговара.

-Но, прашањата како што се идентитетот, јазикот, никогаш не се предмет на преговори во кој било дел од процесот на проширување на Европската унија со која било друга земја. Огромен е ризикот ако продолжи блокадата. Тоа е ризик и за Бугарија, и за Северна Македонија, и за целиот Балкан, предупреди тој.

Еуроњуз пишува дека премиерот верува дека пролонгирањето на почетокот на преговорите за пристап и фрустрациите што произлегоа од тоа, доведоа до наводен нон-пејпер за прекројување на границите на балканските земји формирани по распадот на Југославија.

Next Post

Царовска: Оваа е чиста лага на мегафоните од ВМРО-ДПМНЕ, сликата е извадок од Електронски дневник, систем воспоставен од 2010 година

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk