ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

May 11, 2021 18:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата,  денеска, (11.05.2021), под раководство на в.д. директорот Стојанче Ангелов, во Центарот за управување со кризи (ЦУК)  беше реализиран работен состанок на тема „Комуникација, координација и соработка со субјектите од системот за управување со кризи во делот на превенцијата, раното предупредување како и справувањето со пожарите на отворен простор за 2021“.

На работниот состанок, покрај вд директорот на ЦУК, Ангелов, присуствуваа претставници на дел од институциите коишто имаат надлежност во справување со пожари:  командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, претставници на МВР/БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби, Дирекцијата за заштита и спасување и директорот на ЈП „Национални шуми“.

При работната дискусија беше потенцирана потребата од итно и навремено известување, комуникација и координација како важен сегмент во фазата на рано предупредување и превенција од пожари во Систекот за управување со кризи (СУК). Навремената реакција и справување со појавен пожар во голема мера ќе ја намали потребата од интервенција со поголеми сили и средства, ако известувањето биде навремено, точно и прецизно и локализирањето ќе биде извршено пред проширување на пожарот со вклучување на помал број човечки и материјално – технички ресурси.

На состанокот беа елаборирани и сите проблеми и недостатоци со коишто субјектите во СУК досега се соочуваат при појавата и справувањето со пожарите на отворен простор, а за кои се уште не е изнајдено соодветно решение, со цел истите да се надминат во најбрз можен рок.

 

Next Post

Владата го задолжи ЕСМ да изработи студија за изградба на фотонапонска електрана во Штип

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk