ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза после објавите за враќањето на македонскиот потполковник заразен со Ковид-19

May 12, 2021 12:00
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Потполковникот на Армијата што учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република и се зарази со коронавирус, рано утрово беше донесен со медицинска евакуација во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, извести министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Потполковникот заразен со коронавирус вратен во Македонија. Фото од Фејсбук профилот на министерката Радмила Шекеринска

После оваа објава на социјалните мрежи се забележани коментари со говор на омраза со препознатлив вулгарен речник и кованици.

Извесен Хари Потер, обвинува дека потполковникот заминал за, како што вели „белосветски туѓи интереси“ и дека не требало да ни го враќаат, пропратено со говор на омраза и навредливи кованици „вие бре бандо северна“.

Снимка од екран од коментар под објава на Фејсбук

Извесен Панде Лазаревски, исто така бара да не се враќа дома и да го лечат во НАТО, а не, како што вели „нас да ни го товарат“. Тој потоа продолжува со експлицитен говор на омраза и навреда: „говедава што служат во него се платени убијци“.

Снимка од екран од коментар под објава на Фејсбук

Инаку, заразениот македонски потполковник заедно со уште еден војник бил во мисија на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската Република.

Медицинска евакуација на македонскиот потполковник. Фото од Фејсбук профилот на министерката Радмила Шекеринска

„Причината зошто се одлучивме за евакуација е фактот што во Централноафриканската Република, во рамки на мисијата на ЕУ, функционира болница која не може да обезбеди соодветна медицинска помош доколку неговата состојба се влоши и затоа се одлучивме подобро да превенираме отколку потоа да се занимаваме со последиците, изјави вчера министерката Радмила Шекеринска.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Пладневен преглед: ЕУ е едногласна дека ги исполнуваме условите за преговори, поддршка имаме и од Шпанија, европската агенда на Премиерот е клуч кон подобра економија и нови странски инвестиции

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk