УЕФА и официјално соопшти дека финалето на Лигата на шампионите се преместува од Истанбул во Порто поради потешкотии при патувањето од Англија во Турција, која е на црвената листа на британската влада кога станува збор за патувања. Затоа УЕФА се согласи со португалските власти и Фудбалскиот сојуз на таа земја финалето да се игра во Порто на стадионот „Драгао“ на 29 мај.
Ова е втор пат во последните две години финалето што требаше да се игра во Истанбул, да се пренесе во Португалија. Минатата година во таа земја се одиграа сите натпревари од четвртфиналето до финалето.
УЕФА се обиде да го организира натпреварот во Англија, имаше гласини дека ќе се игра во Бирмингем на „Вила Парк“, но поради правилата на Велика Британија за карантин, таа идеја беше невозможна. Исто така ќе биде можно 12.000 посетители, по 6.000 навивачи од Манчестер сити и исто толку од Челзи да присуствуваат на натпреварот во Португалија.
извор: Спорт Клуб