ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Дескоска: Постојниот Изборен законик не трпи повеќе измени, потребен е нов (ВИДЕО)

May 13, 2021 15:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред сите избори се работи на измени на Изборниот законик. Мислам дека самиот законик, сам по себе не трпи веќе толку измени, не е читлив, текстот е хаотичен и затоа е подобро да се отиде кон нов Изборен законик. Клучните пунктови на кои треба да се обрне внимание во носење на нов Изборен законик треба да биде во делот на она што значи прочистување на Избирачкиот список, односно негово постојано апдејтирање до денот на изборите. Значајни се и правните апекти по завршување на изборите, а тоа постапката за обезбедување на ефикасни прави лекови. Граѓани како учесници во изборниот процес немаат ефикасен правен лек за заштита на гласачкото право“, изјави професорката Рената Дескоска на панел дискусијата на ЦИВИЛ  на тема  „Какви закони, такви избори“.

„Мене ме изненадува што некои институции како Државната изборна комисија, не е промотор на идејата да се обезбедат ефикасни правни лекови, туку напротив, гледам понекогаш, во одредени ситуации отпор кај нив бидејќи тоа ќе значи зголемување на работата на ДИК. Но, тие, пред сè, имаат задача да спроведат фер и регуларни избори без оглед дали тоа ќе значи дополнително оптоварување на нивната задача или не“, додаде Дескоска.

„Треба да се земе сериозно како препорака кога ќе отвори процесот за носење нов Избирен законик е постапката за избор на членови на ДИК. Мислам дека политичките партии треба да ги надминат сопствените лични интереси и да ги отворат вратите за избор на лица со професионален интегритет во ДИК. Препораката за транспарентна постапка при избор на членови на ДИК, мислам дека е препорака која што е редно да се спорведе. Кај нас веќе имаме еден добар модел во постапката во избор на членови на ДКСК“, истакна Дескоска.

Таа додаде дека често пати има формалистички пристап кон разгледување на приговорите што значи дека приговорите што ги поднесуваат дури и приговорите од учесниците во изборите, кои имаат право, не добиваат соодветен третман, што е прашање на пракса.

„Лично сметам дека кај нас не е изградена доволно доверба во изборниот процес, особено меѓу актерите коишто се натпрреваруваат. Имајќи ги предвид поразвиените земји кои што технолошки се понаредни од нас имаа проблем со електронското гласање, мислам дека не е време да се воведува ваков тип на гласање во моментот. Што се однесува до гласање на дијаспората, мислам дека овој модел што постои во моментот е најсоодветен доколку постојат повеќе изборни единици. Демократијата е скапа работа, но не смее заради финансиски средства да се ускратува правото на глас на нашите граѓани што живеат во странство. Треба да се обезбеди изборниот процес да биде инклузивен и сите што имаат право на глас да можат да го остварат“, одговори Дескоска на прашањето дали е возможно да се воведе електронско гласање на дијаспората.

Б. Ј. 

Next Post

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk