Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ја повика Европската унија да остане на зборот и да го испорача она што и го вети на земјава. Ние од утре не стануваме земја-членка на ЕУ, рече Заев, туку се работи за следниот чекор – одржување на првата меѓувладина конференција.
СДСМ утре бира заменик претседател на партијата, членови на Централниот одбор на СДСМ, членови на Надзорниот одбор, а после тоа следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство, рече денеска премиерот Зоран Заев. Тој посочи дека влегуваат во нов конгрес со нови политики.
И вакцинацијата на стопанствениците од кои дел веќе се имунизираа во Србија, ќе се врши по принципот на приоритет. Надлежните ги очекуваат списоците од стопанските комори врз основа на кои ќе бидат одредени термините за вакцинација.
Станува јасно дека целта не е да се подобри законот, туку да се блокира напредокот. Според неофицијалните информации кои ги добивам, се е блокирано за ВМРО-ДПМНЕ да го спаси едниот партиски војник и да продолжи политизацијата на Армијата, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на поднесените 2.000 амандмани од страна на опозициската партија за законот за служба во Армијата кој е во собраниска процедура.
Ова е последно носење закон со конечна цел, да заврши бесправното градење од независноста на државата, па дури и претходно, за време на поранешна Југославија. Единствената порака што треба да се испрати е дека не се исплаќа да се гради на диво.