Министрите за надворешни работи на Чешка, Словенија и Австрија до Заев: Дојдовме за да кажеме јасно – Европската Унија мора да испорача.
На денешната средба во Скопје со министерот за надворешни работи Бујар Османи, министрите за надворешни работи на Словенија Анже Логар, на Австрија Александер Шаленберг и на Чешка Јакуб Кулханек го поддржаа предлогот на португалското претседателство на ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Ова е европски ден за Севрена Македонија, заедничка посета на три силни поддржувачи на европската перспектива на земјава и праќа силна порака на поттик до граѓаните, не само на нашата земја, туку и на целиот регион.
Кулханек: Не смее да има нови одложувања за Северна Македонија, ја поддржуваме иницијативата за првата меѓувладина конференција во јуни.
Западниот Балкан е многу важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ. Сакаме прашањето за земјите од Западен Балкан да го внесеме на врвот на дневниот ред во ЕУ, рече министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар на заедничката прес-конференција со шефовите на дипломатиите на Северна Македонија, Австрија и Чешка, Бујар Османи, Александер Шаленберг и Јакуб Кулханек.
Маричиќ на „Регионална агенда 2020-2030“: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе ги отфрли сите нон-пејпери
Регистрирани 51 нови случаи од Ковид 19, оздравени се 84 пациенти, починати се 16 лица
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Пациентите не се оставени без инсулин, во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и истиот им е достапен на пациентите, реагираат од Министерството за здравство.
Обединетите нации денеска објавија дека околу 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до чиста вода за пиење, бидејќи скоро 50 проценти од мрежата за водоснабдување е уништена во неодамнешниот вооружен судир меѓу Хамас и Израел.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со сигурност останува во редовите на Наполи во следната сезона, откако неговото име не е на трансфер листата за претстојниот преоден рок што денеска ја објавија италијанските медиуми.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид по седум години се шампиони на Шпанија! Во последното коло од Ла Лига, „јорганџиите“ по пресвртот како гости на стадионот „Хозе Сорила“ го совладаа Ваљадолид со 2: 1 (0: 1) и со тоа го оставија зад себе градскиот ривал Реал.
Ј. Ѓ.







