Градските културни институции веќе година дена работат со адаптирана програма на постојано менливите ковид препораки. Формираат иницијативи заедно со приватните организатори на настани, преговараат со здравствени институции, епидемиолошки комисии, постојано бараат начини како да ги организираат настаните што им се договорени со локалните уметници и што ги бара локалната публика. Во време на карантин се организираа концерти под балконите на Скопјани, во време на олабавени мерки минатото лето се организираа и концерти и филмски и театарски фестивали и сето тоа според точно одредени протоколи што до крај се почитуваа – раздалеченост, дезинфекција, задолжително седење – забрането стоење итн.
И деновиве, додека во земјите каде што вакцинацијата одамна е започната, каде веќе немаат по ниту еден смртен случај дневно, се прават експериментални концерти со строго контролирана публика пред и потоа, МСУ се понаша неодговорно ко јебено Интермецо/Мош Бар и организира журка на отворено каде не се почитуваат никакви протоколи. Притоа, рушејќи им го кредибилитетот на јавните културни установи, а и поткопувајќи ја целата досегашна работа на другите совесни институции и приватните организатори на настани, се заканува да ја упропасти работата во летниот период за сите останати. Многу неодговорно и многу неколегијално.
Фејсбук објава од Никола Наумоски