ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јавна дебата иницирана од ДКСК: Да се повлече законот за легализација на дивоградбите

May 25, 2021 15:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се повлече актуелниот Предлог закон за легализација на бесправно изградените објекти, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се изработи ново законско решение во кое точно ќе се прецизира кој и каков објект, како и каде и под кој услови ќе може да се легализира.

Ова се дел од главните заклучоци на онлајн јавната дебата иницирана од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти.

Како причина за барањето за повлекување на законското решение, кое беше донесено од Собранието, но претседателот Стево Пендаровски одби да го потпише, беше наведен фактот што согласно процедурите остануваат само 30-тина дена за измени на постојното законско решение пред Собранието повторно да го разгледа, кои според учесниците на дебатата не се доволни за да се спроведе јавна расправа и да се вметнат сите забелешки од стручната фела.

-Не е потребно избрзано решение, туку е неопходно прво да се дефинираат чекорите, а потоа чекор по чекор да се оди кон решавање на ова прашање во насока на тоа повеќе да не се повтори проблемот со дивоградбите, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска по завршувањето на дебатата.

Нагласи дека дебатата беше корисна и дека од неа ќе се извлечат многу добри заклучоци кои понатаму ќе бидат, како што рече, добра основа за креирање законско решение кое конечно ќе го реши проблемот со дивоградбите и нема само да создава опашки зад себе.

-На тој начин конечно политичките одлуки ќе се засноваат на аргументи дадени  од професионалци од фелата кои најдобро си го знаат својот терен за работа, рече Ивановска.

Од дебатата, како што кажа по нејзиното завршување, ќе произлезат заклучоци и препораки кои ќе бидат пренесени до надлежните.

На дебатата покрај претставници на стручната фела учествуваа членовите на ДКСК, луѓе од невладините организации, од министерствата за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање и ЗЕЛС, како и правни експерти од областа на судството и високото образование.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска-Каволи-Ѓурчиновски: Поддршка за комплетна евроатлантска интеграција на Северна Македонија, неопходна е брза разрешница на отворените прашања која ќе овозможи почеток на преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk