ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите со ЕУ

May 29, 2021 13:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас останувам на ставот дека во наредниот период, јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите, пред тоа остануваат уште две недели за да се надминат разликите.  Има сериозен ангажаман на Португалското претседателство, знаете и со конкретниот предлог којшто ние го проценивме како добра основа за надминување на разликите. Сметаме дека португалскиот предлог ги адресира сензитивностите на трите страни, нашата страна, бугарската страна и на земјите членки коишто очекуваат дека преговарачкиот процес нема да биде контаминиран со билатерални прашања и дека тоа може да биде добра основа за надминување на разликите, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој, при денешната посета на Општина Тетово, наведе дека продолжуваат со враќањето на довербата со Бугарија.

– Продолжуваме во враќањето на довербата, има еден конструктивен однос, конструктивна реторика меѓу нас и бугарската Влада. Овие контакти коишто се случија, се важни во враќањето на таа дверба и очекувам таа комуникација да се интензивира во наредниот период. Да се обидеме да ги адресираме сензитивностите и на бугарската страна, меѓутоа се разбира запазувајќи ги и нашите сензитивности во однос на прашањето, потенцираше министерот за надворешни работи.

Шефот на дипломатијата смета дека алармот е подигнат дека регионот стига до критичната точка на губење на кредибилитетот на процесот и на критична точка на прекршување и тоа, како што рече,  го сфаќаат и во Бугарија, го сфаќаме и ние и земјите членки.

– Очигледно времето за делување е сега. Не сакам да ги кренам очекувањата на граѓаните, минатото покажа дека и покрај тоа што имавме перфектно досие за започнување на преговори и станавме тест за кредибилитетот на процесот, очигледно ова прашање зависи од многу внатрешни динамики во земјите членки, но нашето е да бидеме упорни. Имаме обврска добиена од граѓаните дека земјата ќе ја внесеме во ЕУ, нагласи Османи.

извор: МИА

Next Post

Денеска се регистрирани 33 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk