Не може никој да ме убеди дека Претседател или премиер не може да ги испрати спортистите на Европско првенство. Премиерот би посакал среќа и ништо повеќе, но видовме дека можело и тоа да се забрани, мислам дека не даваме добра слика во јавноста, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
Повеќе од 400 деца се вдомени во 287 згрижувачки семејства како хуман облик на грижа за децата кои беа сместени во институции. Има и 79 роднински згрижувачки семејства во кои се сместени 207 деца. Згрижувачките семејства се внесени во системот на социјална заштита во новиот Закон за социјална заштита од 2019 година.
Општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе се потруди да ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, за разлика од годините наназад кога нелегално се наплаќаше за влез, лежалки и паркинг. Ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотребите и узурпациите на најатрактивната зона од заштитениот појас, вели градоначалникот Георгиески.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев постојано покажува што значи силна посветеност и реализација на мерки и политики што значат развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард, истакна пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов. Тој додаде дека во таа насока е и Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година.
Европската Комисија најави дека денеска ќе бидат испратени дел од ветените суми макроекономска помош за Северна Македонија, како и за Косово, Црна Гора и Тунис. Од трите милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ, Европската Комисија денеска испраќа 80 милиони за Северна Македонија, 50 милиони за Косово, 30 милиони за Црна Гора, како и 300 милиони за Тунис.
М. Миткоска