ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владините мерките за зголемена транспарентност даваат резултат, за пет проценти зголемена активната транспарентност на министерствата, Владата и општините

June 3, 2021 17:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

За пет проценти е зголемена активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2021 година, споредено со 2020 година, покажува најновиот извештај за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации. Според извештајот активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините година  изнесува 63 %. За прв пат во шест години, проактивното објавување на јавни информации од институциите, односно нивната активна транспарентност, според градацијата на нивоата, се искачи од просечна во добра транспарентност. Дури 62 од вкупно опфатените 98 институции ја подобриле својата активна транспарентност во 2021 година во однос на 2020 година.

Податоците во Извештајот покажуваат дека општото ниво на активната транспарентност кај министерствата и Владата е зголемено за 2 процентни поени, од 77 % ланската година на 79 % годинава. Оваа година, повеќе од половина од институциите се наоѓаат во двете најдобри групи со ’добра‘ и ’многу добра‘ активна транспарентност. За сметка на тоа, се намалува бројот на институции во трите послаби групи, со ’просечна‘, ’слаба‘ и ’многу слаба‘ активна транспарентност.

Во делот на транспарентноста на општините, според Извештајот, за прв пат конечно една општина има дури 100% активна транспарентност, а подобрување е забележано кај  51 општина. Од 16 министерства и Владата, кај дури 12 е регистриран пораст на исполнетоста на обврските од активната транспарентност.

За прв пат откако се изработува индексот односно од 2016 година наваму, дури две институции добија максимални 100 %, односно тие ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета.

Владата на Република Северна Македонија во изминатите четири години презеде значајни мерки и активности во насока на зголемување на транспарентноста и очетноста, на сите нивоа. Уште во октомври 2017–та година , Владата ги задолжи министерствата во рок не подолг од 15 дена на своите веб – страници да ги објават потребните 21 документи и материјали, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а се во насока на отчетни и транспарентни владини институции во служба на граѓаните.

Со воведувањето на функцијата заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури, и во согласност со надлежностите од мандатното писмо на вицепремиерот Љупчо Николовски, се проширија мерките за зголемување на транспарентноста на институциите. На почетокот на декември минатата година,  Владата ги задолжи сите министерства и органи кои одговараат пред Владата, вклучително и  сите општини, Градот Скопје и општините во Градот Скопје,  во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават на своите документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Транспрентно се објавени имињата и веќе се спроведува тестот за интегритет на советниците на функционерите, преку кој ќе се утврди нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција.

Во насока на реална и ефикасна борба со корупцијата и криминалот, како и зголемена транспарентност и отчетост, на почетокот на март годинава, се усвои Планот за борба против корупција, кој содржи мерки за зголемување на транспарентноста, како што се подготовка на годишна Антикорупциска програма, интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки и реализација на договорите, електронски систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози од страна на граѓаните поврзани со услугите од јавната администрација.

Next Post

МЗ меѓу првите 10 институции по индекс на активна транспарентност за 2021

Shortcut

Најново

Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk