ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Нуредини ја поздрави санацијата на Русино, очекува соработка од градоначалниците за решавање на отпадот во Полог

June 4, 2021 14:49
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со претставници од Центарот за развој на Полошкиот плански регион, оствари посета на локацијата Русино во општина Гостивар, каде по издадената наредба од негова страна, веќе се спроведуваат брзите мерки за санирање на последиците по животната средина од работењето на постојната локација за отстранување отпад во Русино.

Како што соопштија од МЖСПП, ангажираниот изведувач „Пелагонија  А.Д. Гостивар“ го информирал министерот Нуредини за статусот на реализација на планираните активности, и согласно извршениот увид работите на пристапниот пат и вагата за мерење на возилата кои транспортираат отпад за депонирање се во тек. Мерењата и подготвителните активности за изградба на систем за третман на исцедокот кој се состои од насип кој ќе спречува влевање на атмосферски води во веќе депонираниот отпад, канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во постоечката депонија, се исто така комплетирани, и веќе е започната и нивната изведба согласно динамичкиот план.

-Драго ми е што многу задоцнетите работни активности за рехабилитација на Русино конечно се во тек и се надевам дека градоначалниците ќе започнат вистински да соработуваат за да се реши прашањето со управување на отпадот во целиот Полошки регион. По оваа посета, јас имам закажано и средба со нив на истата тема, изјави Нуредини.

За брзите мерки се обезбедени средства преку Проектот за воспоставување на новиот регионален самоодржлив систем за управување со комунален отпад во целиот Полошки регион преку грант од швајцарската Владa.

Овие активности претходно не беа спроведени поради административно одоговлекување на постапките, заради што министерот Нуредини, согласно начелата за превенција и висок степен на заштита од Законот за животна средина, издаде наредба со која ќе се спречи натамошното зголемување на акумулацијата на загадувачи во сите медиуми на животната средина во пошироката околина и загрозување на здравјето на луѓето.

Успешното завршување на овој проект, велат од Министерството, е предуслов за обезбедување на дополнителни средства за изградба на санитарната депонија.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска од Домот на Армијата: Да се биде шампион во транспарентноста значи да се биде отворен и за интересите на граѓаните

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk