ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мас: ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговорите со Скопје и Тирана

June 8, 2021 15:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, нагласувајќи дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување.

– Иднината на сите шест држави од Западниот Балкан е во ЕУ. Германија е целосно посветена на оваа цел. Ако испорачате вие, ние исто така испорачуваме. Тоа мора и во иднина да биде нашиот пристап кон проширувањето на Европската унија, рече Мас на онлајн средба со неговите колеги од земјите од Западниот Балкан.

Мас притоа, како што јави Дојче Веле, побара од земјите во регионот да го зајакнат владеењето на правото, да ја засилат борбата против корупцијата и организираниот криминал, да ја заштитат слободата на медиумите и да создадат простор во кој ќе може да се развива демократијата, со што ќе се привлечат повеќе странски инвестиции,  ќе создадат услови за перспектива за младите луѓе и ќе запре иселувањето на квалификувани кадри од регионот.

– Но, од друга страна, и ЕУ мора да си ги исполни ветувањата, рече Мас наведувајќи ги Северна Македонија и Албанија како примери за тие неисполнети ветувања.

Тој потенцира дека Северна Македонија и Албанија остварија постојан напредок во судските реформи и во борбата против организираниот криминал и корупција, а со Договорот од Преспа, Скопје и Атина „демонстрираа историско политичко лидерство“.

Шефот на германската дипломатија побара веднаш да започнат преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија и притоа изрази благодарност до португалското претседателство со ЕУ, кое, како што нагласи, ја држи оваа тема високо на агендата на Унијата.

Мас порача и дека за билатералните спорови не треба да има место на агендата на ЕУ.

– Сите знаеме дека внатрешната политика може да го ограничи опсегот на надворешната политика. И разбираме дека прашањата од историјата и идентитетот се деликатни. Но, ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување, рече Мас.

На онлајн состанок со своите западнобалкански колеги, кој е дел од подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Мас најави и дека по вакцините, Унијата на регионот ќе му достави и дополнителна медицинска и економска помош.

Next Post

Собранието изгласа продолжување на кризна состојба до 31 декември

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk