ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Белград разговори за унапредување на соработката во туризмот меѓу Србија и Северна Македонија

June 10, 2021 16:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград денеска македонска делегација предводена од директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППР), Љупчо Јаневски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски имаше разговори за унапредување на туристичката соработка со Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на разговорите со државниот секретар во српското Министерство за трговија и туризам, Жикица Несторовиќ и директорката на Туристичката организација на Србија (ТОС), Марија Лабовиќ се отпочнаа и преговорите за враќање на редовната авионска линија Белград- Охрид – Белград, која пред повеќе од две децении била со фрекфенција два пати дневно, а сега преговорите се водат за два пати неделно.

-На состанокот ја потенциравме регионалната соработка, потребата од подобро поврзување и повторно рестартирање на авио линијата Белград-Охрид со Ер Србија и дополнителна заедничка промоција на регионот во Европа. Се надеваме и на трети пазари, поголема взаемна промоција во двете земји и во 2021 година очекуваме поголем број на туристи од регионот, особено на српските туристи, изјави за МИА директорот на АППР, Јаневски.

Тој ги истакна и погодностите за српските туристи, како што се бесплатната патарина долж автопатот Е-75, попустите во дел од хотелите и рестораните во Охрид, Скопје и Дојран и бесплатниот паркинг во Охрид, што денес во Белград го презентираше градоначалникот на Охрид.

Директорката на ТОС, Марија Лабовиќ изјави дека за Србија, македонските туристи се многу значајни и секогаш се меѓу првите 10 странски туристи и ги повика да дојдат и да ја посетат Србија.

-Добро е што на состанокот ги разменивме идеите, искуствата и се договоривме едни на други да си помогнеме за се повеќе да се зголеми туристичкиот промет меѓу нашите две земји и да го продолжиме престојот на туристите на нашите дестинации. Се надевам дека состојбата со короната ќе се поправи и дека ќе продолжиме со веќе започнатите активности на далечните пазари за да ги привлечеме тие туристи на нашите простори во наредниот период, изјави Лабовиќ.

Бројот на туристи од Северна Македонија кои ја посетиле Србија во 2019 година пораснал за 11 проценти во споредба со 2018 година, додека во првиот квартал од 2021 во споредба со истот период лани бројот на македонски туристи во Србија претставува 7,7 отсто од вкупниот број на туристи во државата. Од друга страна, ситуацијата и во Северна Македонија е иста, односно бројот на српски туристи во 2019 година е во сличен, дури и поголем раст во споредба со претходната година.

Претходно, денеска во Белград, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски при примопредавањето на дел од железната ограда која го опкружувала парламентот во Белград изјави дека тоа е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид. На чинот на примопредавањето присуствуваше и претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ.

Next Post

МИОА: На владина седница усвоена Информацијата за апликацијата до WBIF

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk