ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зголемена наплатата на патарини, од јануари до мај приходи од 968,7 милиони денари 

June 12, 2021 12:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Податоците за остварената наплата на патарините во првите месеци од годинава ни даваат за право да бидеме оптимисти дека не само што ќе се вратат приходите остварени пред пандемијата на Ковид 19, туку реално е да очекуваме и да се зголемат, вели во интервју за МИА  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

За периодот јануари-мај, во 2021 година е остварен промет од наплата на патарина поголем во однос на истиот период во 2019 година (која според годишниот промет е рекордна) и има зголемување за над 4 проценти. Ако во 2019 година до мај биле инкасирани 926.114.696 денари, за истиот период во 2020 година е остварен промет од вкупно 751.329.426 денари, за разлика од 2021 година кога прометот изнесувал 968.718.496 денари или зголемување од 28,9 проценти во 2021 година.

Овие средства, посочува, се важни за планирањето на Годишната програма на ЈПДП, од нив ќе зависи што ќе содржи програмата и колкав опфат на патишта ќе се рехабилитараат или градат.

Воведувањето на електронската наплата на патарина на Коридорот 10, како што вели  директорот на ЈПДП, наиде на позитивен прием кај корисниците.

– Во екот на пандемијата, многу корисници си набавија електронски уреди токму поради безбедноста и избегнувањето контакт со пари, билети и на крај, избегнување и на човечкиот фактор. Навиките за наплата на патарина се сменија и се менуваат секојдневно. Доказ за тоа е и продажбата на речиси 24.000 електронските уреди од кои 8960 се M-Таг и 14963 се М-Смарт картички. Со заокружувањето на имплементирањето на електронската наплата на патарина и на наплатните станици на Коридор 8, овие цифри ќе се зголемуваат, смета Рустеми.

Тој информира дека изградбата на новите наплатни станици Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип, што стартуваше во мај годинава, согласно со Договорот со изведувачот конзорциумот Аселсан-Жикол треба да заврши кон крајот на октомври годинава.

За постојните наплатни станици, „Миладиновци“ на автопатот Миладиновци-Штип и наплатните на Коридор 8, Глумово, Желино, Тетово и Гостива, за кои е предвидена реконструкција и воведување електронски систем за наплата на патарина во тек е изработка на проектна документација согласно со договорот со изведувачот конзорциумот Аселсан -Жикол. По реализацијата на проектната документација и нејзино официјално одобрување ќе започне и реализацијата на терен, најавува Рустеми.

На Коридор 8 има четири постојни патарини за кои е планирана реконструкција со претходно изготвена проектна документација од страна на ЈВ Аселсан-Жикол, на автопатот Миладиновци-Штип има една постојна наплатна за која е планирана реконструкција со проширување и две нови кои се во тек на реализација. Проектот чини  12.489.356,17 евра, вклучувајки и поставување фотоволтаичен систем на тие наплатни патарини, и на наплатните на Коридор 10 – Романовце, Петровец, Сопот, Отовица Градско, Демир Капија и Гевгелија, како и  неопходни резервни делови и одржување на новиот електронски систем во период од 12 месеци. /МИА/.

Next Post

Од утре патување во Германија без строги ограничувања за македонските граѓани

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk